|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Дали Вашето дете јаде “десерт” за појадок?

Редакција Рингераја, 26.6.2013
Според најновото истражување за концентрацијата на шеќер во детските житарици, кој го објави американската работна група за здрава околина (EWG), повеќе од половината од 84 тестирани брендови на житарици содржат најмалку 12 грама шеќер
Клучни зборови:

image
/11


 

 

Само еден, од тестираните брендови на житарици, ги задоволи предложените насоки за хранливи вредности, во прехранбените производи за децата. Се смета дека овие насоки се основа за борба против епидемијата детско дебелеење.

Извештајот потврди дека житариците за деца Kellogg's Honey Smacks, Post Golden Crisp и General Mills Wheaties Fuel – содржат околу 20 грама шеќер, или пет лажички шеќер по оброк. Генерална препорака за децата е да консумираат помалку од три лажички шеќер дневно.

Во извештајот на EWG се истакнува дека  и покрај сите нездрави состојки кои се наоѓаат во житариците, тие сепак треба да бидат дел од хранливиот појадок на детето, НО да се обрне внимание на концентрацијата на шеќер во нив.

Според овој извештај, децата кои консумираат шеќер се раздразливи во училиште, потешко извршуваат работи самостојно, помалку внимаваат  и често се гладни. Во истражувањето кое го објави Американската задруга за срцеви болести, стручњаците предупредуваат дека премногу шеќер може да доведе до дебелеење, кардиоваскуларни болести, дијабетес, висок крвен притисок и расипување на забите.

Купувањето на здрави житарици за децата не е толку едноставно колку што се мисли. Житариците кои можат да се сретнат на нашиот пазар содржат шеќер во граници од 3,6 – 33% по еден оброк. Засладените житарици секогаш се сместени ниско на полиците на супермаркетите – на ниво на очите на децата.

Информацијата на пакувањето многу често може да биде погрешна. Ова се препораките на Харвард – отсек јавно здравство, при купување на житарици

  • Изберете житарици со краток попис на состојки на амбалажата (додадените витамини и минерали се сосем прифатливи)
  • Одберете житарици кои имаат висок процент на влакна (најмалку 5 грама по оброк)
  • Одберете житарици без, или со многу малку шеќер.

Житариците кои ги задоволуваат наведените критериуми се обично поставени високо на полицата каде е потешко да се најдат и до кои потешко се доаѓа. Но овие житарици не само што се здрави, обично се и поефтини.

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Бебешкиот фото албум на Принцот Вилијам
И Принцот Вилијам некогаш беше бебе. Погледнете го неговиот фамилијарен албум со фотографии од неговато најрано детство.
4
Дали знаете дека...
Коските некогаш престануваат да растат?
4
Како антибиотиците влијаат на здравјето на...
Дали некогаш сте се запрашале како давањето антибиотик на детето во најрана возраст може да влијае на него кога ќе порас...
4
Дали го вакциниравте Вашето дете?
Дали го вакциниравте Вашето дете против мали сипаници?
4




Анкета

Бременост.
пеперутка16

Кој дел од бременоста најмногу ви се допадна или најлесно?