Gorde86 во 22:14
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
Во многу култури повивањето е добро позната и традиционална пракса. Добра страна на повивањето е секако мирното бебе кое подолго спие бидејќи не го будат сопствените движења. Секако, со тоа се спречува и да се изгребе со ноктите по лицето. Сепак постојат истражувања кои ја доведуваат во прашање корисноста и безбедноста на повивањето.
Комуникација меѓу мајката и детето
Една од најважните причини за загриженост на педијатрите и поддржувачите на доењето е што повивањето и пречи на комуникацијата меѓу мајката и бебето. Помалку плачење не мора да е предзнак дека на бебето му е добро, затоа што тоа е единствен начин со кој бебето ќе го заврти вниманието на себе.
“Плачот е единствениот јазик на бебето и тоа е единствен начин да разберете дека на бебето нешто му е потребно. Пред да почнете да го повивате бебето, откријте што му е потребно – немојте само да го замолчувате,”, кажува сестрата на педијатрија Кити Франц.
Повеќе сон, помалку храна
Новороденчињата кои се повиени се хранат поретко и повеќе губат на тежина. Тоa e затоа што повиените бебиња се будат помалку во текот на денот и полесно заспиваат повторно. Според мислењето на стручњаците од Американската академија за педијатрија , бебињата треба да се дојат осум до дванаесет пати дневно. Наспроти тоа, повиените бебиња се хранат шест до седум пати дневно. Тоа е заради природната прогресија низ фазите на спиење кај бебето. Кога бебето ќе почне да се буди од длабок сон, усните и затворените очи почнуваат да се движат, а рацете да кружат. Токму ова движење на рацете е знак дека треба да го разбудите бебето, бидејќи е време за оброк. Меѓутоа, ако рацете се блокирани со повивање, бебето одново ќе заспие и ќе го пропушти оброкот.Сесѕтра Франц забележала дека бебињата кои се повиени изгубиле 10% од својата тежина за време на првата недела. Тоа е повеќе од нормалното губење на тежина кое бара дополнително хранење за да не дојде до дехидратација. Сестра Франц ги советувала родителите да не ги повиваат децата и тие за брзо го надокнадиле загубеното.
Регулација на температурата
Иако на повиеното бебе му е удобно и топло, што е посебно важно кога е ладно времето, истражувањата покажуваат дека допирот со мајката е најдобар начин да се регулира телесната температура на бебето. Во една руска болница спроведена е студија на 176 мајки и бебиња и научниците со мерење на температурата сфатиле дека на повиените бебиња им е поладно, а исто така може да му стане и претопло.
4
4
3
3
me_mother_of_three во 13:31
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
me_mother_of_three во 13:30
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
забава Бремените
Автор: bobik
Поддршка од партнерот во бременоста
Бременоста е период на радост, но и на огромни промени физички, хормон...
Се расправате често? Не е крај туку почеток на промена
Кога расправиите стануваат чести, лесно е да помислите дека нешто е „с...
Љубовта што не се изговара, туку се чувствува
Понекогаш најдлабоката љубов не живее во зборовите, туку во малите гес...
Најчести инфекции кај деца. Кога е време за педијатар?
Детскиот имунитет се гради постепено. Токму затоа, во првите години од...
Кога ќе одлучите да не се откажувате, успевате
Успехот не доаѓа случајно. Тој не е резултат на среќа, туку на малите ...