|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Дали породувањето мора да боли?

Др. Шпелца Моројна, 16.12.2021
Дали можеме да успееме? Дали докторот ќе користи средства против болки по наша желба? Што ќе направам кога болките ќе станат неподносливи?

image
/11


Ублажувањето на болките при породувањето е договор меѓу родилката и останатите личности (бабица или доктор) кои се присутни на породувањето.
Доколку жената реши да се породи со ублажување на болките, тогаш се скратува искуството да ја почувствува силата на нејзиното тело и дух. Всушност, поголем број жени се добро информирани, психички и физички подготвени да ги совладаат породилните болки и да родат, а тоа е многу ефикасно и најсигурно за неа и бебето.
Породилните болки не се нормална работа. Породувањето го следи одреден степен на непријатности и чувство кое прворотката го чувствува за прв пат, и кое не може да се спореди со ништо што таа доживеала претходно. 
Болките создаваат притисок во делот на матката и карлицата, а кога го истиснува детето, родилката има непријатно чувство поради растегнување на вагината. Кога зборуваме за нормално породување, подобро е да зборуваме за чувствата, а не за болките, бидејќи таквиот став ќе ги ублажи или можеби ќе го надмине стравот од  »настанот на животот«. Од друга страна, тоа ќе ја поттикне жената, при породувањето да соработува и на природен начин да ги ублажи болките (со опуштање, масажа, топла купка или туширање). Неподносливите и силни болки при породувањето, се сепак знак дека се случува нешто и тука мора да реагира доктор!

Породувањето е препуштање на силата на мајката природа, препуштање на мудроста на сопственото тело кое само знае кога да роди – треба само да го слушате и да му дадете можност да ја заврши работата со свое темпо и на свој начин!
Опуштете се и за ништо не грижете се – дали тоа сеуште знаеме да го правиме? Разбирањето како функционира телото е од голема помош при породувањето на трудницата која сака да се подготви за големото и единствено искуство -  породувањето!  

 

Зошто породувањето може да боли?

Првата причина за можните болки е ограничениот простор во телото на трудницата. Детето од ден на ден е се поголемо и за да има повеќе простор за себе, ги »турка« соседните органи. Додека ова се случува полека, не се чувствува болка, но при породувањето, туркањето на околината секако доведува до непријатности. Мускулот на матката и покрај силното собирање, не предизвикува болка, бидејќи содржи многу малку рецептори за болка. Болките при напоните, родилката ги чувствува поради притисокот на матката на својата околина – стомак, делот околу карлицата и грбот кои се чувствителни на болка. Значи, силните болки кои ги почувствувале многу жени се како последица на вкочанетоста на соседните мускули кои даваат отпор на притисокот од матката, која се собира. 
Потсвесна реакција кај секој човек кога нешто го боли е вкочанетост, а ако на тоа го додадеме и стравот од болка, опуштањето е скоро невозможно. Затоа е многу важно трудницата уште за време на бременоста психички да се подготви и да избере начин на кој ќе се опушта за време на трудовите.

Болките се многу послаби, доколку трудницата успее да се опушти барем малку. Така весела поради својот успех, послободна ќе ги очекува наредните болки и нема предвреме да се вкочани од страв. На тој начин се затвора кругот на ублажување на болките и родилката тогаш навистина може да зборува за чувствата кои секако се сензационални. Со такво доживување, болките и заморот ќе дојдат побавно.

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Еве зошто папочната врвца е толку чудесна
Многу луѓе мислат дека папочната врвца е само „цевка“ што носи хранливи материи за нивното бебе. Сепак, од фотографијата...
4
Киретажа - значајна гинеколошка процедура
Киретажата претставува мала хируршка операција која се користи како за поставување на дијагноза од материјалот што се до...
4
Најчести симптоми на бременоста
Некои жени едноставно “знаат” дека се бремени од самиот почеток на зачнување на детето. Меѓутоа на други им се потребни ...
3
Големина и волумен на стомачето на новород...
Во прилог е илустрација на приближната големина и обем на стомакот на новороденче во првиот, третиот, седмиот ден и на е...
3




Анкета

Што да дознаете.
пеперутка16

Кога би носеле тројки, што би направиле?