Gorde86 во 22:14
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
Една супена лажица бел шеќер содржи 16 калории, а една супена лажица кафеав шеќер содржи 17 калории. Белиот шеќер е 99,9% сахароза. Кафеавиот шеќер е 97% сахароза, 2% вода, 1% занемарливи траги на калциум, железо, калиум и некои други малку важни елементи. Количините на овие минерали се толку минимални што организмот нема никакви бенефиции од нив.
Луѓето се залажуваат со епитетот “кафеав”, кој е додаден пред оризот, лебот и тестенините, кои навистина имаат предности пред избелените производи. За жал, во случајот на кафеавиот шеќер единствена корист имаат трговците кои, заради добриот маркетинг, овој шеќер го продаваат по многу повисоки цени.
Како се добива белиот шеќер? Кога од шеќерната репка ќе се добие меласа, со нејзина преработка и кристализација се добива кафеавиот шеќер. Потоа се подложува на уште еден процес на избелување, со помош на хемикалии и така се добива белиот шеќер.
Како се добива кафеавиот шеќер? Некои ќе претпостават дека одговорот е во претходната реченица, каде рековме дека со преработка на меласата се добива кафеав шеќер. Логично е да се помисли дека кафеавиот шеќер е неизбелен бел шеќер. Но тоа не е точно. Купечкиот кафеав шеќер се добива така што на белиот шеќер му се додава меласа, за повторно да стане кафеав. Со други зборови, кафеав шеќер еднаш веќе бил бел, на кој му е додадена темна меласа.
Сега се прашувате – зошто производителите го прават ова? Затоа што им е многу полесно да ја контролираат бојата и големината на кристалите на овој начин. Мора да напоменеме дека на пазарот може да се најде и првичниот кафеав шеќер, но ќе го барате под името Raw sugar, односно сиров шеќер.
Трговците можат да расправаат дека кафеавиот шеќер е поздрав од белиот. Да, тој е за промил помалку штетен од белиот шеќер, но зборот здрав не може да се поврзи со ниту еден вид на шеќер, без оглед на тоа дали доаѓа од шеќерна репка или кокосова палма. Аргументот дека кафеавиот шеќер е поздрав е сличен на аргументот дека е потешко да се удавите во езеро отколку во море, затоа што морето има повеќе вода.
3
3
3
2
me_mother_of_three во 13:31
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
me_mother_of_three во 13:30
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
забава Бремените
Автор: bobik
Цуцлата: пријател или непријател на развојот?
Цуцлата е еден од најчестите предмети во секојдневието на новороденчињ...
Можеш да купиш се освен мир во душата
Во денешно време често го замислуваме богатството како врата кон сe: с...
Биди она што си, не она што се очекува
Има една работа што сите нe допира, тивко, а силно, а тоа е како да ос...
Чистиот дом не е само естетика
Домот е место каде одмараме, јадеме, спиеме и ги поминуваме најинтимни...
Депресијата и анксиозноста не живеат само во мислите
Во новото секојдневие, депресијата и анксиозноста не се само „ментални...