Gorde86 во 22:14
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
Во текот на Новогодишните и Божиќните празници се организираат многу друштвени прослави и дружења со најблиските. Сите знаеме дека во средиштето на овие дружења е храната. Лошото комбинирање на храната, односно, внесувањето на јагленохидрати и белковини во ист оброк, има за последица лошо варење на храната, надуваност, стварање на гасови, киселини во желудникот, поспаност. За разградување на јагленохидратите (на пример компирот) потребни се бази, а за разградување на белковините (месо, млечни производи) потребни се киселини. Со оглед на тоа што базите и киселините меѓусебно се неутрализираат, се оневозможува варењето на храната во дигестивниот систем.
Храната во желудникот останува најмалку 3 часа, пред да влезе во тенките црева. За тие 3 часа, доколку храната не се разгради во желудникот, таа се расипува. Неразградените белковини се распаѓаат, а неразградениот скроб ферментира. Сето ова доведува до лошо варење на храната, до надуваност, стварање на гасови, а се јавува како последица од лошо комбинирање на храната.
Што се однесува до овошјето, тоа се задржува во желудникот од 20 до 30 минути и, поради тоа, треба да се јаде на празен желудник, а најдобро е да се консумира свежо. Најдобро е овошјето да се јаде предпладне, бидејќи на тој начин тоа ни дава, а не ни зема енергија. Овошјето никогаш не треба да се јаде како десерт после главниот оброк, токму поради тоа што на него му треба малку време за да се разгради во желудникот.
Доколку овошјето се јаде по главниот оброк, тоа поради другата присутна храна во желудникот, нема да може да го напушти желудникот, па како послeдица на тоа ќе се јават болки во желудникот.
Правилно комбинирање на храната:
- месо и зеленчук (но не компир),
- ориз и зеленчук,
- тестенини и зеленчук,
- леб и зеленчук.
Неправилно комбинирање на храната:
- месо и компир,
- риба и ориз,
- пилешко месо и тестенини,
- сирење и леб.
Доколку се држите до овие неколку едноставни правила ќе се чувствувате посвежи, полни со енергија, варењето на храната ќе ви се подобри, а веројатно и ќе изгубите и некој вишок килограми. Меѓутоа, драстичните промени во нашата исхрана и култура на јадење, не се ни малку лесна задача.
Токму затоа, бидете спремни дека ќе Ви треба одредено време додека не се навикнете и прилагодите на промените кои ќе ги воведете во вашата исхрана. Сепак, имајте на ум дека Вие и Вашето семејство тргнувате на еден нов пат, пат кон здравје и задоволство, бидејќи здравиот начин на исхрана ќе влијае на вашето расположение, па промените кои ќе ги воведувате ќе бидат полесни и поедноставни. Промените може да ги правиме со мали чекори, кои ќе направат голема разлика во нашите животи и во животите на членовите од нашето семејство.
11
4
4
3
me_mother_of_three во 13:31
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
me_mother_of_three во 13:30
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
забава Бремените
Автор: bobik
Тежината на едно бебе, а љубов колку цел универзум
Бебето има неколку килограми. Може да се измери, да се запише во карто...
Што се случува со телото кога редовно јадете брусница?
Брусницата можеби е мала по големина, но има огромно влијание врз здра...
10 парчиња облека што секоја трудница треба да ги има
Бременоста не значи откажување од стилот туку негово прилагодување. Уд...
Лекови што предизвикуваат нагло качување на тежина
Качувањето на телесната тежина не секогаш е резултат на неправилна исх...
Пред зачнување - што е важно да знаете и да направите?
Периодот пред зачнување е исклучително важен за здрава бременост и раз...
Доење.
пеперутка16
Колку долго мислите дека треба да се дои едно дете?