|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?

Дали икањето кај бебињата е нормално?

Редакција Рингераја, 10.4.2012
Кога ќе го видиме нашето малечко бебе како се мачи со икање, често се грижиме дали тие контракции можат некако да му наштетат. Икањето е вистинска мака, за бебињата и родителите, но е потполно природна појава која нема да му наштети на новороденчето

image
/11


 

 

Икањето не е ништо друго туку резултат на несакани контракции на дијафрагмата. Дијафрагмата е мускулна мембрана која ја раздвојува стомачната празнина од белите дробови и која им овозможува на истите да се наполнат со воздух. Со вдишувањето и издишувањето дијафрагмата се подигнува над долниот дел на градниот кош.

Кога ќе дојде до контракција на мускулот, тој се стиснува и се намалува. Ако мускулот на дијафрагмата непрестано контрахира, доаѓа до изненадно и брзо затворање на дишникот. Како што дишеме , воздухот поминува низ дишникот, заради што доаѓа до препознатливиот звук “ик, ик”.

Прашањето кое сега веројатно ќе си го поставите е зошто мускулите на дијафрагмата контрахираат, односно се стегаат и отпуштаат? За тоа постојат многу теории. Едната кажува дека причината за тоа е желудникот кој при претерано истегнување создава притисок на дијафрагмата. Кај некои луѓе икањето се појавува заради обилниот оброк. Исто така, икањето може да се јави кога заради брзото јадење, со залаците голтаме и многу воздух.

Како што бебето се развива во мајчиниот стомак, тоа голта од амнионската течност. Доколку голтне повеќе и стомачето му се наполни, може да почне да ика. Икањето е исто така многу честа појава кај бремените жени бидејќи зголемената материца притиска на дијафрагмата, а сега веќе знаеме што се случува кога дијафрагмата ќе се вознемири.

По раѓањето бебињата често икаат. Не постои некој посебен начин или лек со кој можете да им помогнете за да престанат со икање. Икањето повеќе Ви пречи Вам, отколку на Вашето бебе, бидејќи тоа веќе е навикнато на тие досадни контракции. Икањето најчесто се јавува при јадење и пиење, а некои научници сметаат дека икањето е механизам кој го штити организмот на бебето од гушење.

Сепак, постојат случаи кога икањето може да биде сериозен медицински проблем. Таквото икање се поврзува со развој на некои болести. Но кај бебињата таквите случаи се занемарливи.

Затоа не грижете се. Кога бебето ќе почне да ика, нежно погалете го по грбот и дајте му време спонтано да престане. Доколку сте загрижени заради интензитетот и времетраењето на икањето, нема ништо лошо доколку се посоветувате со педијатар.

 

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

9 причини да изберете повеќекратни пелени
Разновидни, симпатични, шарени пелени - на кругови, на ѕвездички, розови за девојче и сини за момче или пак целосно прир...
4
Зошто е важно месото во детската исхрана?
Со воведувањето на месо во исхраната на бебето ќе се задоволат неговите потреби за железо, цинк и многубројните минерали...
3
Мајчиното млеко штити од СИДА!
Анти-вирусниот ефект на мајчиното млеко може да ги заштити бебињата од вирусот на сида, покажуваат истражувањата
3
9 природни лекови против грип и настинка
Студеното и непредвидливо време во текот на зимата често е главна причина за настинка. А сезонскиот грип е нешто што мно...
3




Анкета

Одвикнување од пелени.
пеперутка16

Дали вашето дете прво се одвикна од мокрење во пелена или од какање, и дали постои одреден редослед по кој прво доаѓа едното, а кога другото?