|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Дали фармацевтите се продавачи?

www.doktori.mk, 20.3.2014
Познавам многу мои другари што работаат како ПРОДАВАЧИ во аптека“. Зошто напишав ПРОДАВАЧИ со големи букви? Исто така, голем број на познаници, мои другари, мојата поранешна девојка, роднини итн. ги сметаат фармацевтите за ПРОДАВАЧИ. Дали е така?
Клучни зборови:

image
/11


 

 Живееме во 21 век, но стереотипите и предрасудите преовладуваат и во овој век. Не ми текнува подобар вовед за мојата статија, освен еден разговор што го водев со мој поранешен колега – радиолошки технолог. Разговорот нема да го пренесувам во детали. Ќе исцитирам само една негова реченица: ,,Познавам многу мои другари што работаат како ПРОДАВАЧИ во аптека“. Зошто напишав ПРОДАВАЧИ со големи букви? Исто така, голем број на познаници, мои другари, мојата поранешна девојка, роднини итн. ги сметаат фармацевтите за ПРОДАВАЧИ. Па, затоа решив официјално да одговорам на прашањето ...

 

 

Дали фармацевтите се продавачи?

 Одговорот гласи: НЕ! Фармацевтите се експерти за лекови. Ќе се префрлам на Правата од примарната здравствена заштита. Цитирам:

,,Право на лекови осигураното лице остварува врз основа на рецепт за препишување на лек.

Лекови на рецепт пропишува лекар – доктор по медицина, односно стоматологија, кој има статус на избран лекар во примарната здравствена заштита“.


Фармацевтот е лицето кое го издава лекот пропишан со рецепт. Резимирам: лековите се издаваат, не се продаваат. Аптеката не е продавница. Лекот во пропишани граници е лек, но во надминати граници е отров. Сте ги слушнале рекламите на телевизија на кои се прикажува некој лек: ,,За подетални информации прашајте го Вашиот лекар или фармацевт“. Фармацевтот е должен да ви ги обезбеди потребните информации за лекот. А, за тоа е потребно знаење. Тоа знаење го стекнуваме на Фармацевтскиот факултет. Да направам една компарација според досега кажаното. Во продавница се продава прехрана, облека (ако станува збор за бутик), книги (ако станува збор за книжарница)... Лебот, шеќерот, кифлите не се отров. За нив не ви е потребен рецепт од лекар, за да ги купите од продавница. За да се биде продавач нема потреба од фармацевтска диплома и фармацевтско знаење за лековите. 


Фармацевтите располагаат со Кодекс на професионални етнички должности. За да ја доловам фармацевтската професија, јас ќе го исцитирам Член 1 од Кодексот на професионални етички должности и права на фармацевтите на Македонија:

„Стапувајќи во фармацевтската професија, фармацевтите на Македонија се обврзуваат дека својот живот ќе го посветат на хуманоста; - својата професија ќе ја вршат совесно и одговорно; - чувањето и враќањето на здравјето на пациентите ќе претставува највисок императив во нивното однесување; - ќе ги чуваат тајните што ќе им бидат доверени при вршењето на професијата; - со сите сили ќе ја чуваат честа и благородните традиции на фармацевтската професија и при вршењето на своите професионални должности нема да дозволат никакви разлики поради возраст, пол, националност, раса, политичка припадност, хендикипираност и општествено-економска положба; - ќе го почитуваат човечкиот живот од создавањето – натаму дури и под закана нема да го применуваат своето знаење, спротино на законите на хуманоста; - и на своите учители и колеги ќе им го искажуваат должното почитување“. 


Цитатот потврдува колку е значајна професијата фармацевт, а погоре спомнатиот Кодекс укажува дека оваа професија е на исто рамниште како лекарската професија (и лекарите имаат Кодекс на професионални етички должности). Продавачите немаат вакви Кодекси кои ги нагласуваат нивните должности. Ќе го исцитирам и Член 7 од истиот Кодекс:

,,При вршењето на својата професија, во границите на со неа определените подрачја на работа и стручна оспособеност, фармацевтите се самостојни и независни, а за својата работа се одговорни пред сопствената совест, пред болниот, пред органите на Фармацевтската комора и пред општеството“. 


Фармацевтот за да може да ја извршува својата должност потребно е да има лиценца од Фармацевтската комора. За да се биде продавач, не ви треба лиценца. Ако фармацевтот ја злоупотреби својата професија, тој одговара пред Фармацевтската комора и пред органите на општеството. Фармацевтската професија има одговорност да обезбеди соодветна медицинска едукација на пациентите во поглед на примената на лековите. Пациентот треба да биде упатен од страна на фармацевтот:

  1.  Како лекот се дозира и на кој начин истиот се аплицира?
  2.  Да добие дополнителни инструкции (лекот да се зема пред јадење, растворот е за надворешна употреба и слично);
  3.  Колку време треба да се зема лекот и до кога треба да се зема?
  4.  Што доколку се пропушти некоја доза?
  5.  Да се дадат напатствија за следење на знаците на подобрување на состојбата;
  6.  При посериозни несакани ефекти да се извести лекарот. 


За оваа тема може да се пишува цела книга. Може да се наведи 1001 доказ. Јас ја сакам својата идна професија. Лудо сум вљубен во својата идна професија. Сметам дека разграничивме:
ФАРМАЦЕВТОТ НЕ Е ПРОДАВАЧ! 

 

Влатко Таневски

 

doktori.mk.logo

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Компот – идеална замена за чај
Компотот претставува традиционален источно-европски безалкохолен чист џус, приготвен од овошје ставено во голема количин...
4
Зошто појадокот не смее да се прескокне?
Појадокот е всушност најважниот и најкорисниот оброк во денот, освен ако не се состои од благо бело пециво.
4
Спирулина
Мали количества на екстрактот од спирулина ја намалуваат вирусната репликација, додека големи концентрации целосно ја за...
4
Дали треба да го лупиме овошјето и зеленчу...
Дали некогаш сте размислувале дали навистина се бескорисни деловите од растенијата кои ние постојано ги фрламе, како што...
4




Анкета

Бременост.
пеперутка16

Кој дел од бременоста најмногу ви се допадна или најлесно?