|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Да, навикнувај го бебето во раце!

Jasmina Katinski, 15.8.2020
Не го навикнувај бебето во раце и се ќе биде супер! Како рацете да се причина за сите проблеми. Е па не се согласувам и готово!
Клучни зборови:

image
/11


Одма морам да кажам – не ја сакам таа позната реченица. Ама, не ја поднесувам. Не ја разбирам и никогаш нема да ја разберам. А пак, од некоја причина, сите добронамерни поминувачи и познаници имаат потреба на мајката да и го доделат овој совет

Не го навикнувај бебето во раце и се ќе биде супер! Како рацете да се причина за сите проблеми. Е па не се согласувам и готово!

Прво, самиот поим “разгалено бебе” мене ми ги пара ушите. Ајде малку да се замислиме над тоа озогласено навикнување во раце.

Во почетокот бебето плаче кога нешто му треба. Потребите на бебето се сведуваат на следното: гладно е или жедно, пелената му е мокра, му се спие, нешто го боли, или му треба нежност. Од некоја причина, според стариот облик на негување на децата, за разумни се сметале само првите 4 потреби на бебето. Ако бебето било сито, суво, здраво и наспано, неговото плачење се толкувало како разгаленост, па дури и безобразлук (да, сум слушнала со сопствени уши). Тоа исто бебе било константно во својата мајка девет месеци, го чувствувало нејзиниот мирис, ги слушало отчукувањата на нејзиното срце и уживало во топлината на мајчиното тело. Сега одеднаш, оттргнато од неа, има потреба за близината на мајката и често ја бара. Плаче, бидејќи не знае поинаку.  Она што на мајките природно им доаѓа е да реагираат на плачењето на бебето, да го прегрнат и утешат. Од некоја причина се советуваат да не го прават тоа.

Што се случува во главата на бебето ако го пуштите да плаче? Прво што сигурно НЕ се случува е дека “растат градите”, “се зајакнуваат гласните жици”, “расте срцето” и слично. Кога бебето плаче, а мама не реагира, тоа сфаќа дека не може да се потпре на мама. Дека мама ја нема кога е најпотребна. Да, по некое време ќе престане да плаче, но не затоа што научило, или се воспитало, туку затоа што сфатило дека неа кому да се обрати за блискост и нежност.

Какви последици може да остави тоа на бебето? Не знам. Не сметам дека бебето кое е оставено да плаче ќе има некои страшни трауми или пореметувања заради тоа што не го нишкале доволно. Но сигурно дека како мајка сакам да изградам однос на блискост, нежност и љубов со своето дете. Секогаш се говори дека детето се воспитува од првиот ден на животот. А дали доволно се зборува за довербата од првиот ден? Сакам моето дете да знае дека секогаш кога ќе му бидам потребна ќе се создадам пред него за да му помогнам. И сега и секогаш. И сакам таа порака да му ја всадам во малото главче од првиот ден.

Основна улога на мозокот е преживување. Мозокот постои и учи за да живееме и се што учиме, учиме со таа цел. Заради тоа чувството на сигурност е најважната работа која можете да му ја дадете на вашето бебе. Детето кое не се чувствува сигурно и кое е под стрес, сите свои активности ги насочува кон изворот на несигурноста. Детето кое е сигурно и знае дека неговите потреби ќе бидат задоволени – опуштено е, среќно и подготвено да го истражува светот и да ја развива својата интелегенција. Прегратката и земањето на детето во раце тогаш кога сака, посебно во првите денови, е најдобра работа која можете да ја направите за негов правилен развој.

И уште нешто. Кога велат дека бебето ќе се навикне во раце, некако сето тоа го претставуваат како катастрофа. Кога ќе ги слушате тие совети, ви звучи како да треба да го држите во раце додека не тргне на факултет. А вистината е многу поинаква. Ќе го држите во раце само додека не почне да лази и додека не биде во состојба само да го истражи она што го интересира. А тоа време се мери во месеци. Тоа драгоцено време се мери само во месеци. И после тоа никогаш нема да можам да го држам во раце вака како сега, да бидам негов прозорец кон светот и прегратка која ги отстранува сите грижи. Затоа извинете ме, отидов да го изгушкам и поштено да го научам во раце моето бебе.

 

Извор: Carapice

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Исчистете го телото по празниците
Празниците се зад нас, а спомените на нив остануваат – два, три килограми повеќе, тешкотии во варењето, нечиста кожа. Ка...
4
Лино Стар пелени за деца
Кожата на бебето е многу нежна, тенка и чувствителна. Правилната нега на кожата е многу важна за здравјето, затоа таа тр...
3
Evy Baby - нови бебешки пелени!
Со комбинација од искуството и најновата технологија за среќни бебиња и мамички, Evyap ги вклопи сите карактеристики што...
3
Зимско мени за децата
Ниските температури го принудуваат детскиот организам да работи со двојно повеќе енергија, за да се компензираат енергет...
3




Анкета

Што да дознаете.
пеперутка16

Кога би носеле тројки, што би направиле?