Мамма во 18:19
на тема Песнички на македонски
Тужбата против него ја поднесол Милан Б. Маж на една негова пациентка, чија бременост ја водел, а кој тврди дека докторот е лажливец и дека е крив бидејќи го згрешил полот на детето.
Објаснувајќи што го навело да го тужи познатиот гинеколог, Милан Б. рекол:
- Со сопругата сме десет години во брак и имаме три ќерки. Кога таа остана бремена по четврти пат, се понадевав, како и секој црногорец, дека носи машко дете, син, наследник.
Сопружниците отишле заедно кај гинекологот на преглед.
- До него дојдовме по препорака, бидејќи важел за исклучителен стручњак. И навистина, беше коректен, професионален и љубезен. Но подоцна се испостави дека е голем преварант – тврди Милан.
Докторот, според неговата приказна, повеќе пати ја прегледал трудницата. Три пати и направил и ултразвук.
- Бременоста течеше нормално и се беше во ред, се потсетува Милан. Но, од првиот пат, кога отидовме на ултразвук, отворено го прашав докторот дали сопругата носи машко дете. Ни тогаш, како ни следните два пати, не можеше да ми го потврди тоа туку велеше дека заради положбата, не може со сигурност да тврди од кој пол е детето. Но, беше дециден дека заради големината на детето и некои други параметри, верува дека е машко.
Пресреќниот татко, верувајќи во зборовите на докторот, на големо почнал со подготовки за дочекување на синот.
- На роднините, комшиите и познаниците на големо им се фалев дека ќе имам син, а на докторот секој пат му купував шише пијалок, се присетувал Милан во судницата.
На крајот дојде и денот за породување. По неколку часовното чекање излезе бабицата и ми пријде со насмевка на лицето.
- Рече дека породувањето поминало одлично и дека мајката и бебето се чувствуваат добро. Ме праша дали веќе имам деца, а јас одговорив дека имам три ќерки. Бабицата ми рече: “Честитам! Добивте уште едно девојче!”, се потсетува Милан на тој ден.
Како што кажува разочараниот татко, тој ден дома се вратил целиот усрамен.
- Толку се фалев со синот и не знаев како на семејството, пријателите и комшиите да им објаснам дека од тоа нема ништо. Од брука се затворив во четири ѕидови и сите ги избегнував, продолжува Милан. Решив да го тужам докторот, па судот сега нека му одреди казна.
Судот го сослушал и гинекологот и донел пресуда дека докторот е ослободен од сите обвиненија, бидејќи е утврдено дека иако важи за голем стручњак, не мора секогаш да го погоди полот на детето.
забава Бремените
Автор: bobik
Што значи балансирана исхрана?
Покрај мноштвото совети за здрав живот, балансираната исхрана е тема н...
Мали ритуали без кои ништо не ќе биде исто
Многу луѓе не ги оставаат овие навики дома, дури ни кога се на одмор....
Музика за бебето уште пред да се роди – мит или наука?
Многу идни родители пуштаат музика на нивниот стомак, верувајќи дека б...
Кога бебињата почнуваат да паметат лица и предмети?
Од првиот момент кога ќе ве погледне, ви се чини дека вашето бебе веќе...
Што е посмешно да работиш во Македонија?
Млад, забавен, паметен...се само дел од епитетите кои го опишуваат сте...
Независност.
Admin
Дали вашите деца се донекаде независни или сè уште ги храните и ги успивате? Мислам на деца од 2,5 години и нагоре.