Gorde86 во 22:14
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
Железодефициентната анемија сеповрзува со честите инфекции, губење во тежина и нарушување во растотна детето.
Најбогат извор на железо е црвеното месо, рибата и живината кои содржат форма на железо кое се ресорбира два до три пати поефикасно (хем железо) во однос на железото кое потекнува од растителни извори (не-хем железо). Легуминозните растенија, темнозелените зеленчуци и овошје се исто така извор на железо. Зголемениот внес на витаминот Ц, заедно со храна богата со железо, ќе придонесе за подобра апсорпција на железото и негово поефикасно искористување во организмот.
Запек
Запекот (опстипација) е чест проблем кај малите деца. Може да се регулира со зголемување на диететски влакна (повеќе зеленчук, интегрален ориз, легуминози, сирово овошје) во исхраната на детето. Опстипацијата може да биде резултат од премало внесување течности, па затоа на децата треба да им се дава да пијат повеќе течности, особено вода.
Пролив
Проливот е чест во оваа возраст (1-3 години) и може да се појави поради тоа што системот за варење не е комплетно развиен. Тој може да биде поврзан и со пречестото консумирање пијалоци кои содржат шеќер, како и овошни сокови со шеќер, особено помеѓу оброците.
Проливот во оваа возраст, предизвикан од оваа причина, не е сериозна состојба и ќе исчезне со растењето на децата. Во многу случаи проливот ќе запре доколку се направат некои промени во исхраната:
♦ Исхраната треба да биде базирана на мали оброци и ужини кои содржат храна од четирите главни групи;
♦ Не треба да им се дава на децата премногу овошен сок;
♦ Треба да се дава полномасно млеко и млечни производи;
♦ Да се осигура дека детето консумира доволно диететски влакна (на пример, од интегрален леб, овошје и зеленчук), иако преголемо внесување диететски влакна не е препорачливо за малите деца затоа што може пребрзо да ги засити.
Обезбедување на адекватна и здрава исхрана за децата е одговорност на родителите и целото општество. Навиките во исхраната на детето се создаваат уште во раното детство и траат до крајот на неговиот живот. Заради тоа, многу е важно тие правилно да бидат формирани, со цел да се обезбеди здрав раст и развој на младиот организам. Потребата од создавање на силен и здрав потенцијал, кој може да им одолее на заразните и незаразните болести, кои во денешно време се сè почести, е императив за сите фактори вклучени во исхраната, растот и развојот на децата.
me_mother_of_three во 13:31
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
me_mother_of_three во 13:30
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
забава Бремените
Автор: bobik
Комбинации за успешна мала градина со билки
И најмалата градина може да биде извор на свежина и инспирација. Со пр...
Чекор по чекор до мини градина на терасата
Мини градината на тераса е совршено решение, лесна за одржување, практ...
Сигнали на вистинска ситост, кога телото вели „доста е“
Во динамичниот начин на живот, многу луѓе забораваат да слушаат на соп...
Препорачани намирници за деца за време на настинка
Кога вашето дете е настинато, правилната исхрана игра клучна улога во ...
Кога болката е сигнал, а кога опасност?
Болката е еден од најважните начини на кои телото ни испраќа пораки....
Мајка на момче.
пеперутка16
Дали ги ставивте пенисот/скротумот/пенисот на вашите момчиња со лицето нагоре пред да ги повиете? И ако е така, зошто?