Gorde86 во 22:14
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
Покрај тоа е одлична храна за слабеење и за борбата против канцер.
Брокулата е од родот Брасика, во кој спаѓаат и зелка, карфиол, кељ, жолто цвекло, репки. Постои најмалку 2000 години, потекнува од Италија а била омилена храна на Римјаните. Традиционално популарниот зеленчук, во последните 25 години постигна тројно зголемување на потрошувачката.
Комбинацијата на хранливи материи успешна во борбата со канцер
Во 1992 година истражувач од “Jonhs Hopkins” универзитетот од Америка го објавил своето откритие дека состјките во брокулата не само што го спречуваат развојот на канцер во 60% од истражуваните групи, туку и ја намалува големината на канцерот кој бил развиен и до 75%. Сега брокулата е еден од најпродаваните зеленчуци во Америка.
Состојките на овој зеленчук се меѓу најмоќните оружја во човековата борба против канцер. Придонесува и за зајакнување на имунолошкиот систем, ја намалува зачестеноста на појавување на катаракта, го поткрепува кардиоваскуларното здравје, учествува во градењето на коските и се бори против проблеми во бременоста и породувањето. Брокулата е богата со корисни хранливи материи и има многу ниска калориска вредност. 100 грама брокула содржат само 28 калории, 3 грама протеини. Од дневните препорачани дози содржи 67% витамин С, 20% витамин А и дури 110% витамин К. Покрај тоа содржи повеќе хранливи материи со моќни анти-канцер својства, мало количество селен, тиамин, рибофлавин, калциум, железо, магнезиум, фосфор, калиум, диететски влакна, фолати и манган. Материјата diindolylmethane е моќен модулатор на природниот имунолошки систем одговорен за антивирусните, антибактериските и антиканцерозните својства. Брокулата содржи и glucoraphanin, материја која може да се обработи во антиканцер соединение. Оваа придобивка значително се намалува доколку брокулата е сварена. Брокулата е исто така добар извор на indole-3-carbinol, состојка која поправа ДНК во клетките и го спречува растењето на канцер клетки. Брокулата содржи големо количество каротеноиди, лутеин и бета-каротен.
Редовното внесување на големи количини брокула го намалува ризикот од агресивен рак на простата, и е корисно во превенција од срцеви заболувања. Но не треба да се претерува со конзумирањето, бидејќи сулфатот кој го содржи може да предизвика чувство на мачнина и надуеност на стомакот.
Поради малото количество калории и богатата хранлива вредност брокулата е познат вид на исхрана за слабеење. За да ги потрошите калориите од порција брокули потребни се само 5 минути пешачење или 2 минути брзо трчање.
Корисни совети
Брокулата е достапна преку цела година во маркетите, но најубава е кога расте на ладно време.
Кога одбирате брокула запамтете дека треба да има свеж мирис, затегнат и цврст труп, голема и темно зелена (или пурпурна) глава. Избегнувајте глави кои имаат расцветани жолти цветчиња.
Брокулата (трупот, главата, листовите и нерасцветани цветчиња) може да се јаде сирово или варено. Сирово, може да се конзумира самојстојно или како салата. Зготвена може да се јаде како гарнир, прелиена со сос, со тестенини или ориз, омлет, супи и чорби.
Кога се чува брокулата треба да се остави неизмиена. Се чува во отворена пластична ќеса во фрижидер. Тоа ќе ја избегне влагата и ќе спречи создавање на мувла. Може да се чува до пет дена.
Брокулата може да се подвари и замрзната да се чува во фрижидер до една година. Брокулата е многу осетлива на етилен, гас кој го создаваат некои овошја и зеленчук. Гасот го забрзува процесот на стареење на брокулата, затоа брокулата не треба да се чува блиску до јаболка, банани, моркови, кајсии, диња, киви, манго, праски, круши, домати.
Уживајте во совршената порција зеленчук!
Ема Танаскоска
креативен соработник
me_mother_of_three во 13:31
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
me_mother_of_three во 13:30
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
pumpici za izmolzuvanje
Автор: fetusce
pumpici za izmolzuvanje elektricna Lun
moite najmili
Автор: selvi
Продвижение групп ВК
Автор: prodvijenieVK
Привет! Занимаюсь раскруткой групп ВК!!
Онлайн вакансии
Автор: onlinerabota
Бизнес на дому! Проводите время в сети
moite najmili
Автор: jovanja
забава Бремените
Автор: bobik
10 изненадувања по породувањето
Претпоставувам дека сите луѓе кои имаат деца веќе го виделе пеколот, п...
9 засрамувачки симптоми на бременоста
Еве неколку од нормалните симптоми на бременоста кои ги засрамуваат тр...
Што треба да знаете кога ќе дојдете дома со бебето
Кога ќе добиете нов член во семејството, сосема еочекувано да имате бе...
Контракции - СЕ што треба да знаете
Ако сте бремени, веројатно размислувате за контракциите - особено кога...
Шест волшебни игри на бебето во стомачето
Колку и да е тешко да се поверува, Вашата материца е доста сензорно иг...
Идеалната разлика помеѓу браќата и сестрите.
пеперутка16
Кога да имате уште едно дете?