Jeca во 12:19
на тема RE: Трудници, што јадевте денес?
Бритни Спирс на својот Инстаграм профил објави дека е повторно бремена! На четириесетгодишната пејачка ова ќе и биде трето дете, додека прво на нејзиниот вереник Сем Асгари.
Пејачката на својот профил откри добри вести, но и детали од претходните бремености за кои јавноста не знаеше. Таа напишала дека за време на одморот во Мауи забележала дека килограмите ? се разликуваат, дека мислела дека повторно се здебелила, иако претходниот период многу ослабела, но нејзиниот вереник сепак и предложил да направи тест за бременост. Кога го направила тоа, било откриено дека чекаат бебе.
Бритни откри дека нема многу да излегува од дома бидејќи не сака папараците да ја сликаат.
„Стомакот ми расте, ако има две бебиња внатре ќе полудам! Овој пат ќе бидам уште малку дома и нема да излегувам за да не им дадам шанса на папараците да заработат врз мене“, напиша Спирс, а потоа откри дека била бремена низ многу маки.
"Тешко е затоа што се сеќавам дека имав перинатална депресија за време на мојата претходна бременост. Морам да кажам колку е апсолутно ужасно. Жените тогаш не зборуваа за тоа, некои мислеа дека е опасно ако трудницата се пожали. Но фала богу, жените зборуваат сега за тоа секој ден и не мора да го чуваме во тајност“.
Да потсетиме, Бритни 13 години била насилно под старателство на својот татко, каде била принудена да пие контрацептивни таблети. Пред неколку месеци се ослободи од тие окови и сега ужива во љубовта со својот вереник на кој наскоро ќе му подари бебе.
Бритни од бракот со Кевин Федерлајн ги има синовите Шон Престон (16) и Џејден Џејмс (15).
10
6
4
4
забава Бремените
Автор: bobik
Најчести повреди кај мали деца и како да ги спречите
Малите деца се љубопитни, активни и постојано го истражуваат светот ок...
Со јод мозокот на бебето правилно се развива
Јодот е еден од најважните минерали за време на бременоста. ...
Што е нормална болка во бременоста?
Бременоста носи бројни промени во телото, па затоа е сосема вообичаено...
Колку често треба да се менува цуцлата?
Цуцлата може да биде корисна за смирување на бебето и задоволување на ...
Билки што го подобруваат варењето
Проблемите со варењето, како надуеност, чувство на тежина, гасови или ...