namesp во 10:11
Доење за време на бременост
Редакција Рингераја, 24.5.2011
Доењето е специјален период, специјална блискост со детето и на некои жени им е незамисливо да престанат да дојат, додека детето не биде спремно за тоа. Жената може да продолжи да ја негува оваа врска со детето и истовремено да обезбеди добросостојба за бебето во стомакот. Со малку едукација, на лекарот и мајката, доењето за време на бременост е, скоро секогаш, без никакви последици.
Чувства
Кога жената која дои ќе забремени, еден од поголемите проблеми можат да бидат чувствата. Да продолжи со доење на постарото дете, за време на бременост и по раѓањето на бебето, не е нешто што жената го планирала. Исто така, во многу општества оваа појава се смета за неприфатлива и невообичаена. Мајката ќе го почувствува притисокот од околината да почне со одвикнување од доење.
Голем број деца сами се одвикнуваат од доење, ако мајката забремени. Причинители се промените во вкусот и количината на млекото кои настапуваат во второто тромесечје. Уште една причина е болката во брадавиците заради хормоналните промени, заради што жените само посакуваат да престанат со доење. Третата причина е спремноста на детето за одвикнување од доење, што нема никаква врска со бременоста на мајката.
Грижа за нероденото дете
Мајката која се храни добро не би требало да има проблем со производство на хранливи состојки за бебето во стомакот и млеко за детето кои го дои, ако тоа е постаро од една година. Важно е мајката да добива доволно на тежина, добро да се храни и да зема витамини и минерали, ако е потребно.
Не постои ниту една медицинска студија која ги истражувала последиците од доењето за време на бременост на нероденото дете, во современиот свет. Иако во текот на доењето може да се чувствуваат контракции на материцата, сепак тие се сметаат за нормален дел од бременоста. До истите контракции се доаѓа и со сексуалните односи кои некои парови ги имаат во текот на целата бременост.
Голем број на лекари препорачуваат прекин на доењето, заради сигурност. Меѓутоа, вистина е дека, ако бременоста е уредна и мајката здрава, доењето за време на бременост е исклучиво одлука на мајката.
Хормоните на бременоста можат да се најдат, во мали количини, во мајчиното млеко, но не се опасни за детето кои се дои.
Ситуации во кои треба да се прекине доењето се следните:
- крварење и болки во материцата
- предвремено породување во претходната бременост
- проблеми со добивање на тежина во текот на бременоста
Физички промени во бременоста
Вистина е дека проблемот со болни брадавици се појавува кај многу жени кои дојат за време на бременост. Исто така е вистина дека може да се намали производството на млеко. Меѓутоа постојат и мајки кои никогаш нема да почувствуваат такво нешто. Доењето само по себе не ја црпи физичката енергија, но бременоста да. На некои мајки поголем проблем од доењето им претставува енергичноста на детето, кое понекогаш треба да го носи во раце. А тоа е проблем кој може да се појави и без доење во бременоста.
Болката во пределот на брадавиците е првиот знак за бременост и е предизвикан од хормоналните промени. Заради тоа нема да помогнат вообичаените совети што да се прави во случај на болни брадавици.
Некои мајки можат да почувствуваат емоционално незадоволство додека дојат во време на бременост. Може да Ви помогне ако размислувате за нешто друго, или ако читате книга, слушате музика или гледате телевизија.
Во текот на последните месеци од бременоста, ќе се произведува повеќе колострум, а и заради хормоните на бременост ќе се намали количината на млеко кое мајката го произведува. Колку и да цица Вашето дете, колострумот ќе биде спремен за новото бебе, веднаш по породувањето.
И на крајот...
Како и при донесувањето на секоја одлука, со која се соочуваме како родители, мораме и во овој случај да ја пронајдеме вистинската варијанта, мораме добро да го протресеме нашето срце и душа и не смееме да подлегнеме на притисоците на она што се смета за нормално во нашето општество. Не престанувајте да доите затоа што на другите им е поприфатливо да видат жена со минимално бикини, отколку трудница која дои.
Не постои нити еден доказ дека доењето за време на бременост може да Ви наштети Вам, на Вашето дете или на бебето во стомакот. Ако бременоста е уредна, а мајката здрава, доењето за време на бременост е исклучиво Ваша одлука.
Извор: LLLI: The Breastfeeding Answer Book
Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:
За време на бременоста, бебето во текот на својот развој се движи во неколку различни позиции. Како што се приближува да...

Клетките на растечкиот ембрион започнуваат да лачат хормон наречен хуман хорионски гонадотропин или hCG, супстанција кој...

Сигурно многу од вас се запрашале како порано жените правеле тест за бременост? Многумина од вас сигурно сметаат дека то...

Дали сум бремена? Кога да направам тест за бременост? Кој тест за бременост е најточен?
