|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Бременост со висок крвен притисок

Редакција Рингераја, 19.10.2021
Во тек на бременост, при СЕКОЈ преглед, МОРА да се мери крвен притисок.Слободно потсетете го гинекологот и инсистирајте да мерат.Пре-еклампсија е главен фактор за смртност кај родилки и важно е навремено да се открие

image
/11


Високиот крвен притисок во текот на бременоста е состојба која бара посебно внимание и следење. Без разлика дали се појавила во текот на бременоста или пациентката го имала како состојба или болест пред забременувањето, овие пациентки мора да имаат поинтензивно следење и нега од своите гинеколози. Во продолжение пишуваме за фактите во врска со покачениот крвен притисок во текот на бременоста кои секоја бремена жена треба да ги знае .

Високиот крвен притисок некогаш е присутен пред, во други случаи тој се јавува во тек на бременоста.

• Гестациска хипертензија - се јавува по 20. недела од бременоста. Трудницата нема зголемена концентрација на протеини во урината или други знаци на оштетување на органите, иако во екстремни случаи може да премине во потешки форми.

• Хронична хипертензија- се јавува пред бременост или пред 20. гестациска недела. Но, бидејќи високиот крвен притисок најчесто се јавува без симптоми, многу е тешко да се одреди кога точно се појавил.

• Прееклампсија – Најсериозна компликација на хипертензијата во бременост без разлика на етиологијата е прееклампсијата. Хроничната и гестациската хипертензија може да доведат до преекламсија која се карактеризира со компликации во  бременоста како висок крвен притисок и знаци на оштетување на други органи - обично по 20. недела од бременоста. Претходно преекламсијата се дијагностицираше само доколку трудницата има висок притисок и протеини во урина. Денеска се знае дека трудницата може да има преекламсија, иако нема зголемено ниво на протеини во урината. 


Компликации од висок крвен притисок  

Високиот крвен притисок, а посебно најтешката форма – прееклампсија може да доведе до повеќе компликации во бременоста вклучувајќи: 

• Намален протокот на крв во плацентата. Ако плацентата не добива доволно крв, вашето бебе ќе добива помалку кислород и хранливи материи. Ова може да доведе до намален  раст  на плодот,  ниска родилна тежина или предвремено породување. 

• Абрупција на плацентата. Прееклампсијата го зголемува ризикот од абрупција на плацентата, каде плацентата пред породувањето се одвојува од внатрешниот ѕид на матката. Абрупцијата може да предизвика тешко крвавење и оштетување на плацентата, состојби кои се опасни по животот на мајката и на бебето. 

• Предвремено породување. Понекогаш предвременото породување е опција за да се спречат компликациите опасни по животот на мајката и бебето. 

• Ризик од кардиоваскуларни болести. Преекламсијата во иднина го зголемува    ризикот од кардиоваскуларни болести кај мајката. Ризикот е поголем доколку сте имале преекламсија повеќе од еднаш или сте имале предвремено породување. 

 

Како се третира и дали е безбедно да се пијат лекови за висок крвен притисок во текот на бременоста?

Иако одреден број  лекови за крвен притисок може да влијаат на вашето бебе, постојат лекови кои се  безбедни во текот на бременоста. Златен стандард за третирање на хипертензијата во тек на бременоста е Metil Dopa , кој е доста добар поради широкиот спектар на дозирање. Во  исклучителни и потешки состојби може да се употребуваат и посилни антихипертензиви.

Третманот е исклучително важен за да се избегнат  ризиците  од срцев и мозочен удар во текот на бременоста како последица на висок крвен притисок. Последиците за плодот, исто така, се многубројни – од намалена телесна тежина па до смрт.

Доколку треба да пиете лекови во текот на бременоста, вашиот лекар ќе ви препише терапија која ќе биде безбедна за вас и за вашето бебе. Лековите земајте ги како што ви се препишани. 

 

Породување

Начинот на породување при  некомплицирана  хипертензија не зависи од истата, породувањето зависи од другите индикации. Сепак, вашиот гинеколог може да ви предложи породување неколку дена пред крајниот рок со цел да се избегнат компликации. Доколку се развие прееклампсија и други компликации, потребно е да се породите предвреме. При тешка прееклампсија  завршување на бременоста може да биде единствениот избор.

 

Дали ќе можам да го дојам моето бебе?

Жените со висок крвен притисок се охрабруваат да дојат и покрај тоа што се на терапија. 

За доење  се  охрабруваат  повеќето  жени  кои  имаат  висок крвен притисок, дури и оние кои земаат лекови. Со вашиот лекар ќе се консултирате дали треба прилагодување на терапијата при доењето.

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Срцева акција
Срцето вообичаено чука околу 113 пати во минута.
3
НЕ, за мобилниот во бременоста!
Спиете со мобилниот, а бремени сте? Се надеваме дека откакао ќе ја прочитате статијава, нештата ќе се променат...
3
Еве зошто папочната врвца е толку чудесна
Многу луѓе мислат дека папочната врвца е само „цевка“ што носи хранливи материи за нивното бебе. Сепак, од фотографијата...
3
Која е разликата помеѓу 3D и 4D?
Со три димензиoналниот ултразвук, можете да ги видите лицето, кожата, полот и обликот на цртите на лицето на бебето. Што...
3




Анкета

Што да дознаете.
пеперутка16

Кога би носеле тројки, што би направиле?