|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?

Бремена невеста: да или не?

Редакција Рингераја, 26.3.2012
Често се случува во денешно време девојката да остане бремена пред парот воопшто да разговара за стапување во брак. Во таква ситуација венчавањето се наметнува “само од себе” и младиот пар тогаш треба да размисли и да донесе многу одлуки

image
/11


 

 

Дали да се венчате веднаш, или не? Како да се организира венчавањето? Дали тоа треба да биде големо или мало?

 

Издвоивме неколку практични совети за клучните фази од планирањето на венчавката, кои навистина можат да Ви помогнат.

 

Опуштете се и одлучете на мир што сакате

Голем број на врски се зајакнуваат кога жената ќе остане бремена и тогаш паровите одлучуваат својата љубов да ја зацврстат со венчавка. Сосема е нормално чувствата да бидат помешани и на прво место да се стави грижата за бебето и бремената жена, а венчавката да се одложи за подоцна. Во секој случај ако сакате да се венчате, нема причина тоа да не биде венчавка каква што отсекогаш сте посакувале и да се организира на брзина и со сила заради бременоста. Заради тоа пред се најважно е да се опуштите, да поразговарате со партнероти да одлучите што навистина сакате.

 

Брзо планирање

Ако се одлучите за венчавка на која не сакате да доминира Вашиот стомак, имате “временски ограничено” планирање. Во тој случај целата организација, од поканите, преку невестинскиот фустан и сите останати детали, треба да бидат извршени по брза постапка. Со добра организација на пријателите, членовите на семејството и времето, се' може да се одработи прилично безболно.

Прв чекор е контактирање на матичното одделение и црквата каде ќе се случи чинот на венчавање, со известување за вашата состојба со цел да имаат повеќе разбирање околу одредувањето на датумот. Истото важи и за закажување во ресторан или сала каде ќе се одржи свеченоста. Грижата околу декорација на Вашиот дом и салата може да ја препуштите на некој сервис за декорација во Вашиот град. Обидете се поголемиот дел од работата да ја завршите по телефон или преку електронска пошта. Не заборавајте да го организирате и брачното патување, макар и на кратко, бидејќи добро ќе Ви дојде малку одмор.

 

Невестински фустан и прстен

 За бремената невеста реална е грижата дали фустанот и прстенот ќе и одговараат и на денот на венчавката, имајќи го во предвид ратот на стомачето и потенцијално отечените прсти. Пред се, ако планирате венчавката да биде пред стомачето да стане видливо, изберете добар кројач, објаснете ја својата ситуација и одлучете се за некој модел кој може да се преправи во случај на потреба. Добра идеја е да направите генерална проба на фустанот една недела пред венчавката, за кројачот да може да го попушти на вистинското место. Од друга страна, ако сакате вашиот стомак да биде видлив многу лесно ќе најдете труднички невестински фустани.

Бидете подготвени за фактот дека прстите ќе Ви отечат за време на бременоста, па пробајте го прстенот пред да почне да Ви расте стомакот, бидејќи треба да го носите цел живот.

 

Меден месец

Медениот месец  не е обичен одмор по слатките маки кои ги носи венчавањето, туку време за опуштање и зацврстување на врската меѓу младоженците. Бремената невеста е посебно осетлива и потребна и е дополнителна количина на љубов и грижа, па добра е идејата за меден месец во хотел со комплетна послуга.

 

Дали и Вие бевте бремена невеста? Кој би бил Вашиот совет во ваква ситуација?

 

 

Извор: Najboljamamanasvetu

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Позитивни афирмации за време на бременоста
Афирмациите можат да помогнат да се подготви умот — а со тоа и телото — на неколку важни начини. Практиката на афирмациј...
7
Влијание на тироидната жлезда врз породува...
Тироидната жлезда е мала, но има огромно влијание врз целото тело, особено за време на бременоста.
6
Како да се подготвите за родителство?
Подготовката за родителство не е листа која треба да ја „чекираме“, ниту совршена формула која мора да се следи.
5
Емоционален ролеркостер наречен бременост
Бременоста е навистина прекрасна. Носиш нов живот, ќе се оствариш како родител, ќе го донесеш на свет својот најдобар пр...
5




Анкета

Blagoja
gib713

Dali vi se dopagja imeto Blagoja za moeto bebe?

Da (27%)

Ne (43%)

Voopsto ne mi se dopagja (27%)

Mnogu mi se dopagja (3%)


Број на сите гласови: 235

Фала на гласовите. Гласавте веќе на сите актуелни анкети. Можеш да направиш своја анкета!