|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Ритамот на живот ни налага да не отсуствуваме од работа, дури и кога очекуваме бебе. Како идна мајка, треба да ги усогласите условите на работа и да избегнувате опасни ситуации кои може да му наштетат на Вашето бебе и Вам.

image
/11


 

 

Колку и да се модерни современите канцеларии, продавници, фабрики и претпријатија во нив често има елементи кои може да му наштетат на организмот во развој.

Стресот предизвикан од алармот наутро, брзањето за на работа, роковите за извршување на задачите, конфликти и проблеми во работната средина во комбинација со утринско гадење, се многу лоша комбинација. Зголеменото ниво на хормонот прогестерон доведува до поспаност, опуштеност, расеаност што неминовно се одразува на работоспособноста на бремената. Единствен начин да се справи со недостатокот на сон е да си легнува рано навечер и да си обезбеди мирна атмосфера за спиење. Потребни се минимум осум часа за целосна релаксација и одмор. Проветрете ја спалната соба, исклучете ги мобилните телефони и пуштете си тивка музика.

Во работната средина има неколку елементи на кои треба да се обрне внимание. Присуството на многу техника, нечистиот воздух, климатизација, многуте луѓе во една просторија – сликата не е многу розова.

 

Компјутер

Современиот живот е незамислив без овие паметни машини, кои ја поедноставуваат работата, но истовремено крадат голем дел од нашето слободно време. Така часовите се нижат,  а ние сме го поминале целото слободно време пред екранот. За среќа новите монитори не емитуваат толку штетни рендгенски зраци како старите монитори, кои не се произведуваат од 1992 година. Сепак, мониторот и компјутерот емитуваат електромагнетно поле и се создава статички електрицитет. Долгото седење е исто така сериозен проблем во бременоста затоа што многу често води до болки во грбот, рбетот, нозете,  а исто така и до болни отоци. Според нормите, мониторот треба да биде оддалечен 60-70 сантиметри од очите, а растојанието од еден до друг компјутер треба да биде најмалку 2 метри. На екранот не треба да паѓа директна сончева светлина, бидејќи тоа дополнително ги оптоварува очите.

 

Копирни апарати

Освен што се извор на бучава, копирните апарати испуштаат и токсични гасови. Особено опасен за бремените жени е натриум бензоат кој има канцерогено влијание. Трихлоретан и изооктан предизвикуваат иритација на слузокожата и го зголемуваат заморот. Фоторецепторите на копирните апарати се покриени со сулфид на кадмиум и селен. Овие хемиски соединенија се ослободуваат при работата на копир апаратот и ја дразнат слузницата на очите и дишните патишта. Во моментот на копирање се ослободува јаглерод моноксид, што може да доведе до главоболка. Се разбира, овие опасности може да ги имаат жените кои поминуваат неколку часа покрај копир апаратот, или бирото им се наоѓа непосредно до него.

Работното место исто така треба да е добро организирано, за да не е предизвикува проблеми на бремената. Висината на работниот стол, кој треба да е удобен и да не се напрегнува грбот, треба да е околу 70-80 цм. Просторот кај нозете треба да биде слободен. Може да се постави мало столче за бремената да може да ги крене нозете во случај на замор и отоци. Пожелно е столот да има регулатор на висината и наклонот на седиштето. По потреба земете си мала перница за потпирање на грбот, кој предизвикува дополнителни болки во деветтиот месец. Важно е да не чувствувате тензии при секојдневната работа и да Ви биде удобно. Не заборавајте да станувате и да се шетате на секој час, два. Седењето на едно место е штетно, независно дали сте бремена или не.

Клима уредите се исто така голема удобност, но и нож со две острици. Многу е важно да сте подалеку од струењето и температурната разлика да не биде голема. Нагли температурни промени се многу штетни. Токму на клима уредите се припишува брзото ширење на вируси и настинки, а исто така и болките во мускулите. Покрај тоа овие апарати го сушат воздухот. Најздрава температура во просториите е 20 C.

Чад од цигари – ако на Вашето работно место не се почитува законот за забрана за пушење во затворени простории, време е да поразговарате со шефот и да го потсетите на правилата. Пушењето, па дури и пасивното пушење е штетно. За почеток разговарајте со колегите и потсетете ги да имаат разбирање за состојбата во која се наоѓате.

 

Штетни фактори во производствената средина

Тие можат да бидат од различно потекло – хемиски (токсични материи, гасови, аеросоли), физички (јонизирачко зрачење, статички електрицитет) и биолошки (антибиотици, хормони, микроорганизми, вируси). Во овој случај, на ваквите работни места треба да се почитуваат стандардите за безбедна работна средина и да се почитува дозволената граница на концентрација на штетните елементи. Сепак, гаранција за здравјето на мајката и бебето нема. Во средина во која демнат овие опасности, најдобро е да не работат бремени жени.

Штетните фактори можат да бидат поврзани и со процесот на организација на трудот. Премногу динамична и стресна средина, како и премногу статична ќе Ви донесе часови стоење на нозе или тежок физички и психички напор.

 

Извор: MEUSAC Employment, Social Policy & Health Sectoral Committee

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Гестационен дијабетес
Гестационен дијабетес е привремен облик на дијабетес кој може да се јави во бременоста. (англиско видео)
5
Танц на контракции!
Неверојатно, но вистинито. Видеото е снимано од докторката во една болница, каде една кул мајка, чекајќи да се породи иг...
5
Акни во бременоста - носите момче или дево...
Жените доживуваат сосема нов свет на промени кога се бремени. Една од овие промени може да бидат акните во бременоста
4
Знаци дека сте бремена со момче: дали се в...
Кога сте бремени, вие и вашето семејство сте љубопитни да го знаете полот на бебето. Оваа љубопитност, со текот на генер...
4




Анкета

Бременост.
пеперутка16

Кој дел од бременоста најмногу ви се допадна или најлесно?