Vedrana13 во 19:37
на тема RE: Вештачко оплодување VIII дел
Скопје, 07.03.2015, Здружението за борба против ракот на дојката Борка и млекарницата Бимилк започнаа акција под мотото „Розови и здрави“. Во рамките на акцијата, Бимилк пушти во продажба Битолски јогурт со посебен дизајн на пакувањето, со чие купување потрошувачите ќе имаат можност да донираат дел од цената на производот за превенција од ракот на дојката.
Во рамките на акцијата, Бимилк и Борка организираат информативни пунктови каде заинтересираните ќе може да добијат повеќе информации од стручен карактер за раното откривање и лекување на ракот на дојката. Првите информативни пунктови беа поставени викендов во Веро Центар и Керфур, а во следните три викенда информативни пунктови ќе има и во Веро 2, Тинекс кај поранешен Годел, Тинекс кај Драмски театар, Рамстор Центар, Рамстор во Капитол мол и Рамстор во населбата Капиштец. На првиот информативен пункт присуствуваше и претседателката на здружението Борка, Биба Додева.
„Акцијата „Розови и здрави“ е одлична прилика во текот на месецот на жената потрошувачите да се информираат за превенцијата, раното откривање и лекувањето на ракот на дојката и секако да дадат свој придонес во борбата со оваа болест преку купување на Битолски јогурт на чие пакување стои препознатливата розова панделка. Ракот на дојката е тешка болест со која секојдневно се соочуваат сé поголем број жени, наши мајки, сестри, пријателки, сосетки и затоа секоја помош во борбата против оваа болест е добредојдена.“ – изјави Биба Додева
Средствата кои ќе се соберат во рамките на акцијата „Розови и здрави“ ќе бидат искористени за одржување на едукативни трибини ширум Македонија со цел што поголема едукација на населението за превенција од ракот на дојката.
„Бимилк е компанија која се грижи за здравјето на потрошувачите, не само преку производство на здрави и вкусни производи туку и преку организирање на вакви и слични акции. Оттука задоволство ни е да ги повикаме потрошувачите во што поголем број да се вклучат во акцијата „Розови и здрави“ за сите заедно да помогнеме во борбата против ракот на дојката.“ – изјави Полексена Ристеска, маркетинг менаџер во Бимилк
---
За подетални информации, контактирајте не на тел: 047/226-380 или 071/265-378
Лице за контакт: Полексена Ристеска, е-маил: poleksena.risteska@bimilk.mk
За повеќе информации за „Бимилк“ посетете ја нашата веб страница www.bimilk.mk
забава Бремените
Автор: bobik
Како да се изградат здрави граници со родителите?
Во секое семејство постои длабока поврзаност меѓу родителите и децата,...
Грешките не се крај, туку патоказ
Во животот често тежнееме кон совршенство, но токму грешките се тие шт...
Идентитетот на бебето започнува со игра и збор
Чувството на сопствен идентитет не се појавува одеднаш. Тоа се гради у...
Пастеризирано vs. Сурово млеко
Млекото отсекогаш било симбол на здравје и природна храна, но околу то...
Ако сакаш да внесеш разновидност во исхраната и да пробаш нешто малку ...
Одвикнување од пелени.
пеперутка16
Дали вашето дете прво се одвикна од мокрење во пелена или од какање, и дали постои одреден редослед по кој прво доаѓа едното, а кога другото?