namesp во 10:13
на тема Купить водительские права онлайн без экзамена Купите водительские права онлайн без экзамена в любой
Денес заврши интерактивниот настан во организација на Бимилк и ТЦ Рамстор, Вселенска авантура. Настанот кој започна на 10 октомври го привлече вниманието на околу 4.000 деца на возраст од 6 до 12 години кои ја искористија можноста да се забавуваат и да учат за тајните на космосот.
Вселенската авантура за прв пат им овозможи на децата не само да научат за првиот човек кој стапнал на Месечината, туку и во целост да уживаат во авантурата да се биде астронаут. Тие имаа прилика да видат реплика од вселенски костим на Нил Армстронг, да погледнат низ роботски очила запознавајќи се со глетката на еден робот и да носат вселенски шлем забавувајќи се во лунарниот дел од поставката.
Со цел децата да стекнат што повеќе знаења за историјата на вселената, низ целата поставка беа прикажани фотографии поврзани со вселената и нејзиното освојување, а на сите детски прашања одговараше водичот низ Вселенската авантура.
За време на Вселенската авантура повеќе од 300 деца изработија ракети од пакување Битолско млеко со десет витамини со што се вклучија во натпреварот за најдобра ракета. На крајот на настанот за најдобрите ракети беа доделени трите главни награди Xbox kinect, iPad mini и телескоп.
„Вселенската авантура се роди од идејата да се организира настан кој ќе ги едуцира децата на нов, невообичаен, интерактивен и пред с? забавен начин. Како што и очекувавме, интересот беше навистина голем, повеќе од 4000 деца ја посетија поставката, а над 300 се вклучија во натпреварот за изработка на најдобра ракета од пакување Битолско витаминско млеко со десет витамини. За нас во Бимилк, насмевката на децата, нивниот интерес да научат нешто ново, да ја изразат својата креативност и да се забавуваат е доволен мотив да бидеме дел од вакви и слични настани. Доброто на децата и во иднина ќе биде во фокус на сите активности на компанијата.“ –Полексена Ристеска, координатор за маркетинг во Бимилк.
„На радост на илјадници деца, Вселенската авантура беше еден од поинтересните настани кои оваа година Рамстор Мол ги организираше за своите посетители и потрошувачи. Целта на настанот беше да овозможиме добра забава за најмладите воедно едуцирајќи ги за темата која одсекогаш ја предизвикува детската љубопитност– запознавањето на космосот. Денес со задоволство можам да кажам дека заедно со Бимилк, оваа цел успешно ја постигнавме. Воедно, би сакале да Ви ветиме дека и за идната година подготвуваме настани од ваков тип, но нема да ги откриваме, нека остане изненадување.“ – Џеладин Џули, директор за развој и инвестиции во ТЦ Рамстор.
---
Млекара АД Битола е најголемата млекарница во Р. Македонија со капацитет на преработка на млеко од над 65 милиони литри годишно која посветува врвно внимание на квалитетот и поседува врвен стандард за управување со квалитетот и контрола на безбедноста на храната - ISO 22000 (интегриран стандард од HACCP и ISO 9001) и стандард за заштита на животната околина ISO 14000. Млекара АД Битола е единствена млекарница во Р. Македонија која поседува извозен број за извоз во земјите на Европската Унија, што е врвен доказ за квалитетот на нашите производи. Од 2007 година Млекара АД Битола е дел од најголемата групација на млечната индустрија на Балканот - Danube Foods Group.
Трговскиот центар Рамстор веќе осма година е присутен на македонскиот пазар и препознатлив по големата понуда на реномирани светски брендови. До крајот на 2013 година синџирот на супермаркети Рамстор ќе брои вкупно 14 продажни локации низ целата земја, со што брендот станува најбрзорастечки ланец на супермаркети во земјата.
pumpici za izmolzuvanje
Автор: fetusce
pumpici za izmolzuvanje elektricna Lun
moite najmili
Автор: selvi
Продвижение групп ВК
Автор: prodvijenieVK
Привет! Занимаюсь раскруткой групп ВК!!
Онлайн вакансии
Автор: onlinerabota
Бизнес на дому! Проводите время в сети
moite najmili
Автор: jovanja
забава Бремените
Автор: bobik
Курсеви за возрасни од сите области: РУ Пере Тошев
Со мисија да овозможи описменување на целокупното возрасно население, ...
Сакајте го Вашето бремено тело
Вашиот стомак е непобитен доказ дека сте бремена. Еве што може да очек...
Како да негувате бебе родено во зима?
Надвор е ладно и царуваат вируси, а Вашето бебе само што не пристигнал...
10 луди работи што се случуваат во вашето бремено тело
Додека го поминувате својот вообичаен ден, сето ова се случува токму в...
Грижата за забите започнува уште од најрана возраст
Оралното здравје на децата е основен чекор за одржување на целокупното...