Jeca во 12:19
на тема RE: Трудници, што јадевте денес?
Сватовите зјапаа со неверување кога невестата со грозен изглед помина покрај нив со тежина од само 38 килограми. Но Лаура Вилсон не се гледаше себеси како што ја гледаа другите, бидејќи боледува од нарушување на исхраната, анорексија.
Сега, пет години подоцна таа е здрава благодарејќи на новиот човек во нејзиниот живот, нејзиниот 14-месечен син Метју.
Момчето е медицинско чудо, вели Лаура, на која и кажале дека никогаш нема да биде во можност да има деца заради штетата која ја направила на својот организам со изгладнување.
“Чувствувам дека раѓањето на Метју беше божествена интервенција. Тој е толку среќно, слатко момче и јас го обожавам. Моето чудо од бебе го спасува мојот живот секој ден.”
Лаура се уште води битка со анорексија која започна кога имаше 21 година и доведе таа да биде хоспитализирана во одделот за ментално здравје во близина на нејзиниот дом во Ballymena, два месеци по нејзината свадба.
Лаура се сеќава: “Живеев само од кафе и кока-кола и правев 700 стомачни на ден. Развив бизарни навики и ритуали во исхраната, како јадење на само еден оброк во 10:30 часот. Тоа беше или пет стапчиња боранија или една коцка чоколадо. Возбудата од паѓањето на килограмите беше посилна од се' друго.”
Нејзините проблеми со анорекција стигнаа до кризна точка кога таа се врати од меден месец во ноември 2007 година со тежина од само 31 килограм. Во текот на целото свадбено патување Лаура преживеа со само две парчиња ананас.
Лаура додава:”Моето тело и мозок се исклучуваа, јас бев толку слаба и ги немав истите емоции како и другите луѓе.”

Лаура колебливо се одлучи да прифати помош од здравствената установа, откако таму ја однесоа нејзината мајка и сопругот. Медицинските лица полека ја подигнаа нејзината тежина на 44 килограми. Но Лаура се здоби со нов удар кога лекарите и кажаа дека никогаш нема да може да има деца, бидејќи немала период веќе 5 години.
Нејзиниот очај се заврти во радост кога во март, минатата година Лаура откри дека е бремена во седми месец, откако зела тест за бременост бидејќи нејзиниот стомак “се бранувал и се движел”.
Во тој момент Лаура се посветила на себеси и на своето бебе. Метју е роден четири недели порано, во јуни 2011 година со тежина од само 2,720 грама.

Таа за Sunday Mirror изјави: “Јас буквално преминав од прегладнување до јадење по неколку оброци здрава храна на ден. Бев толку исплашена дека моето бебе може да страда од мојот екстремен режим на исхрана и вежбање. Знаев дека морам да направам нешто за да бидам здрава и да родам здраво дете. Јадев три нормални оброци и не вежбав.”

Сега Лаура и Филип планираат да ги обноват нивните свадбени ветувања така што ќе се обидат да ја заборават душевната болка од нивната свадба и да почнат да гледаат напред со гордост и среќа.
47
6
4
забава Бремените
Автор: bobik
Исхрана за повеќе млеко, рецепти за доилки
Создавањето на мајчино млеко зависи од повеќе фактори како честотата н...
Листа на испитувања за годишен гинеколошки преглед
Редовните гинеколошки прегледи се клучни за рано откривање на промени ...
Протеински појадоци за трудници со утрински мачнини
Утринските мачнини се чест дел од бременоста, особено во првото тромес...
Како да се справите со постпородилниот замор?
Постпородилниот период е исполнет со радост, но и со големи физички и ...
Јасли, први пријатели на детето или прв стрес?
Прашањето дали јаслите се добри за најмалите деца често ги дели мислењ...
Дете.
пеперутка16
Дали некогаш ви се случило возрасен, близок или не, да го удри вашето дете во ваше присуство и како реагиравте?