Gorde86 во 22:14
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
Aruna Chauhan, 34, го родила малиот Mithilesh во октомври минатата година, во болницата Alliance во Mumbai. Роден два месеци предвреме Mithilesh тежел само 1360 грама и веднаш бил примен во одделението за интензивна нега, со компликации на тироидната жлезда и склоност кон инфекции.
Aruna и нејзиниот сопруг Ramesh биле толку сиромашни што морале да продадат се' и да позајмуваат пари од пријателите и роднините, за да ги платат болничките трошоци кои изнесувале 130 долари дневно. По 20 денови тие повеќе немале пари и морале да си го земат дома своето бебе. Aruna изјавува: ”Позајмувавме пари од сите наши роднини, но на крај немаше од кого да побараме и што да продадеме. Побаравме и доброволна помош, но не добивме ништо.”
На крај таткото Ramesh, кој работи како продавач во маркет за 160 $ месечно, немал друг избор освен да купи преносен фрижидер, по совет на еден од лекарите.
“Еден лекар ни кажа дека нашето бебе може да преживее ако купиме преносен фрижидер на кој ќе направиме отвори за вентилација и во кој ќе ставиме сијалица од 60 вати, за да се обезбеди потребната топлина.”

Надевајќи се дека ја направиле вистинската одлука двојката морала да направи аларм и на секои два часа да го вади момчето од фрижидерот за да ја следи неговата температура секој ден во следните пет месеци.
Aruna се сеќава: “Беше ужасно! Не знаевме дали ја правиме вистинската работа, но моравме да пробаме нешто. Бевме преплашени дека ако не направиме ништо ќе умре, а исто така не бевме сигурни дали она што го правиме е исправно. Тоа беа ужасно стресни месеци.”
Откако еден локален весник ја објави сторијата на овие родители, друга локална болница ги понуди своите услуги бесплатно - Wadia Hospital for Children, во Parel, Mumbai.

Dr Minnie Bhodanwal, главен и извршен директор на Wadia болницата рече: “Исклучително е жално, во ера на напредна медицина, да се чува бебе во преносен фрижидер. Тоа е практично решение со оглед на околностите на родителите, но би можело да биде опасно по живот ако температурата на бебето излезела од контрола.”
Докторите велат дека на Mithilesh сега му е потребен постојан лекарски надзор. Докторите изјавуваат дека тој напредува добро и дека е можно да си оди дома за околу 3 недели.
По статијата во локалниот весник, на семејството на Mithilesh им биле испратени пари и подароци.
4
3
3
3
me_mother_of_three во 13:31
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
me_mother_of_three во 13:30
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
забава Бремените
Автор: bobik
Чести причини за будење навечер кај децата
Ноќното будење е многу често кај бебињата и малите деца. Некои деца се...
Како да го пронајдете вашиот реален ден на овулација?
Овулацијата не се случува секогаш на истиот ден од циклусот. ...
Раѓањето на дете е еден од најубавите, но и најголемите предизвици за ...
Безбедно разладување на просторија каде што спие бебето
Во топлите летни денови, високите температури можат да бидат непријатн...
Слатки или кисели јаболки, кое за што е најдобро?
Јаболката се едно од најздравите овошја и заслужено го носат епитетот ...