|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Анорексична трудница тешка само 25 кгр.

Редакција Рингераја, 7.3.2012
Иако за чудо останала бремена на 27 години, Кети, уплашена од новонастанатата ситуација, почнала да слабее. Толку ослабела што за малку се убила себеси и нероденото дете.

image
/11


 

 

Повеќегодишната борба на Кети Басет со анорексијата била мачна. Го поминала патот од 19 – 57 килограми, како резултат на успешното лекување и поддршката на сопругот Џејмс.

Од самиот почеток на бременоста, Кети имала проблеми. Била на работ на не нахранетост и во 11. недела од бременоста морала да оди во болница. Дури и кога се породила била толку слаба што не можела да се грижи за детето се додека тоа не наполнило 14 месеци.

- Еван е мало чудо. Тој ме опорави и заради него сакам да бидам добра мајка и личност. Ми покажа колку е животот важен и вреден за живеење. Благодарна сум што е здраво бебе и што сум на добар пат да се опоравам. Само кога ќе се сетам колку гладував во бременоста и како можев да го загрозам неговото здравје, веднаш се чувствувам лошо – раскажа Кејти за Daily mail.

 

Анорексично детство

Кај оваа млада британка констатирана е анорексија на 12 години. На 16 години докторите ја предупредиле дека би можела да остане неплодна. На 18 години имала 19 килограми. Мајка и стално одела по неа и ја молела да јаде, а докторите секогаш ја хоспитализирале. Била под постојан надзор. Кога имала 39 килограми ја отпуштиле од болница и со години успевала да се одржи на таа тежина.

 

Пријателство па љубов

Џејмс бил нејзин долгогодишен пријател. Знаел за нејзините проблеми со болеста и секогаш и давал поддршка. На 27 години се омажила за него. Имала чувство дека работите конечно дошле на свое место.

- Три месеци по венчавката останав бремена. Бев шокирана. Мислев дека нема да можам да имам деца, бидејќи имав хормонско пореметување. Сепак се случи и двајцата бевме воодушевени со Џејмс.

Кети по два месеци почнала да добива напади на паника. Имала чувство дека е огромна, дека стомакот неверојатно и пораснал.

- Со никого не смеев да зборувам за опсесијата дека сум дебела и дека се плашам од вишокот на килограми. На Џејмс му реков дека сум на овошна диета, која е здрава за мене и за бебето. Во 11. недела од бременоста се онесвестив од глад. Лекарите утврдија дека бебето и јас гладуваме – кажува Кети која признала дека има проблем. Ги молела докторите да ја остават во болница.

Имала слаб апетит но цврста волја да стане мајка.

 

За среќа, среќен крај

Кога влегла во 30. недела од бременоста добила инфекција опасна по живот. Морала да се породи. Царскиот рез бил неопходен.

По породувањето не можела да се опорави со недели. Најбизарно од се е што се чувствувала дебела во моментите кога личела на костур. Бебето си отишло дома, но мама не. Морала да лежи во болница, да се опоравува, да се бори со сопствените стравови. Нејзината состојба била критична скоро година дена.

- Бев скршена. Џејмс и Еван беа дома, а јас во болница. Мајка ми им помагаше, но сите многу се измачивме. Не видов кога мојот син почна да лази, кога прооде. Кога сфатив што преживувам почнав да се терам себеси да јадам. Тоа беше тешка борба, но успеав. Кога стигнав дома, веќе не се одделив од својот син. Правам се' за да ми биде добро и за моето семејство да биде нормално.

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Фото: Трудници во костими за капење
Погледнете ги овие прекрасни труднички стомачиња во костими за капење
4
Правилна исхрана во 3-от триместар од брем...
Откријте која храна ви треба вам и е потребна за развој на вашето бебе во третиот триместар од бременоста ...
3
Еве зошто папочната врвца е толку чудесна
Многу луѓе мислат дека папочната врвца е само „цевка“ што носи хранливи материи за нивното бебе. Сепак, од фотографијата...
3
Жолт исцедок за време на бременоста? Што д...
Иако бременоста е исполнета со радости и убавина, таа е исполнета и со некои нови, па дури и непријатни ситуации.Еде...
3




Анкета

Што да дознаете.
пеперутка16

Кога би носеле тројки, што би направиле?