|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

9 засрамувачки симптоми на бременоста

Редакција Рингераја, 10.4.2024
Еве неколку од нормалните симптоми на бременоста кои ги засрамуваат трудниците:

image
/11


 

Влажни гаќички поради неволно испуштање на урина

Во текот на бременоста едно обично кивање може да ви ги намокри гаќичките и моментално да ви стави природен руж на образите. Бременоста и уринарната стрес-инконтиненција одат рака под рака. Неволното испуштање урина најчесто се случува за време на кашлање, кивање, смеење или кревање на потешки предмети. Несаканото навлажнување на гаќите е особено често во последните месеци од бременоста кога пораснатото бебенце притиска повеќе на мочниот меур.

Добрата вест е што испуштената урина најчесто не е доволна за да ги пробие панталоните, па најверојатно само вие ќе знаете за малиот проблем.

Совет: Ако редовно ви се случува да не можете да ја задржите урината, носете секојдневни влошки. Уринирајте често, пред да почувствувате потреба да го правите тоа.

 

Испуштање на гасови и ждригање во јавност

Можеби сте израснале во жена која може да се пофали со добри манири, но бременоста може да ви ја отежне задачата да останете права дама. Не се изненадувајте ако ждригнете како тинејџер или ако испуштите миризливи гасови во пријатно друштво или на јавно место. Кога за првпат ќе ги чуете тие непријатни звуци во јавност и ќе сфатите дека доаѓаат од вас, сигурно ќе посакате да пропаднете во земја со мислата „Како можеше да ми се случи ова?“.

За жал, телото на трудниците не може да се справи со задачата да го задржи преголемото количество гасови, создадени благодарение на прогестеронот, кој ја забавува дигестијата на храната. Гасовите може да се последица и на поздравата исхрана во бременоста (млечните производи, зелката, брокулите, карфиолот, крушите и јаболката предизвикаат дополнителни гасови). За да е проблемот уште позасрамувачки, многу трудници имаат и послаба контрола на мускулите, па гасовите ненадејно може да го напуштат телото во незгоден момент.

Добрата вест е што можете да кажете „Се извинувам“ и да ги обвините хормоните (или пак, да го обвините вашиот сопруг за гласниот и миризлив „инцидент“).

Совет: Јадете повеќе мали оброци. Избегнувајте храна која предизвикува подуеност на стомакот, како и гуми за џвакање и газирани пијалаци.

 

Трудничка заборавеност

Го заборавивте името на вашиот најважен бизнис соработник? Изумивте дека на вашата пријателка ? е роденден? Не знаете каде сте ги оставиле клучевите од автомобилот? Бременоста понекогаш предизвикува помала концентрација и лошо памтење.

Не се срамете, другите луѓе ќе ве разберат. На крајот на краиштата, вашите мисли се насочени кон многу поважни работи поврзани со доаѓањето на свет на вашето бебе, па расеаноста е очекувана и нормална.

 

Екстремна лутина или неочекувани солзи

Екстремните и брзи промени во расположението на бремените жени се сосема природна реакција на бурата од хормони која се случува во нив. Вие може пет минути да сте најспокојната и најсреќната жена на светот, а веќе во наредните да се претворите во хистерична личност која неподносливо вреска.

Не се изненадувајте и ако солзите потечат по вашите образи за нешта кои обично не ве ни растажуваат. Виновници се хормоните кои си поигруваат со вас и ве претвораат во вулкан кој може да еруптира во секој момент.

 

Влакненца на невообичаени места

Можеби некои идни мамички немаат проблем со тоа да ја подигнат својата блуза и да го покажат своето зголемено стомаче, но тоа не е случај со оние кои имаат силна причина да не го сторат тоа – влакната. Да, косата на идните трудници станува посјајна, поцврста и полна со живот, но хормоните се виновни и за никнувањето на темни влакна на места каде што никогаш до сега не сте ги имале и дефинитивно не ги посакувате – околу брадавиците на градите, на рацете, стомакот, па дури и на лицето.

Добрата вест е што зголеменото растење на влакненца е само привремен проблем, кој веројатно ќе исчезне по смирувањето на хормоните.

Совет: Ако влакненцата ви сметаат, не се воздржувајте и земете ја пинцетата или издепилирајте се.

 

Акни

„Акни? Од каде тие на моето лице?“ Ви доаѓа да вреснете затоа што последната битка со акните беше кога имавте 15-16 години, а сега таа повторно започнува. Сигурно нема да бидете среќни поради веста дека лудувањето на хормоните може да ви го врати овој кошмар од пубертетските денови, особено во првиот триместар.

Хормоните ја прават кожата помасна. Но, додека тоа е добра вест за оние со сува кожа, не ги радува жените со проблематична кожа на лицето. Не грижете се, можеби ќе имате чувство дека долги 9 месеци сте заглавени во ПМС, но тоа ќе исчезне кога хормоните ќе се стабилизираат по породувањето.

 

Ненадејно влошување на утринските мачнини

Бремените жени очекуваат дека ќе имаат утрински, па дури и целодневни мачнини. Но, она што не го очекуваат е брзината со која гадењето преминува во повраќање, понекогаш на многу непријатен начин и на многу несоодветно место.

Доволно е вашиот нос само неколку секунди да биде изложен на лоша миризба за да го извадите појадокот преку устата.

Совет: Носете во чантата кеси за повраќање, па ќе бидете поподготвени за ненадејните непријатни нагони за повраќање.

 

Вагинален мирис и исцедок

Покаченото ниво на естроген, особено во третиот триместар, предизвикува зголемено лачење на вагинален исцедок. Исто така, во овој период може да почувствувате посилна миризба од вагината, но тоа најверојатно е поради вашиот пречувствителен нос кој може да ја улови секоја миризба.

Не се загрижувајте, никој друг не ги забележува тие промени, па нема потреба од црвени образи.

Совет: Доколку се чувствувате непријатно поради вагиналниот исцедок, носете секојдневни влошки, но менувајте ги редовно. Влажните влошки ја тријат кожата и предизвикуваат иритација. Доколку забележите темен исцедок со многу силен мирис, консултирајте се со вашиот гинеколог.

 

Хемороиди и запек

Ако сте разговарале барем со неколку бремени жени, сигурно сте слушнале најразлични приказни за проблемите запек и/или хемороиди. Повторно виновници се хормоните кои ја забавуваат работата на дигестивниот тракт.

Не се срамете и разговарајте со вашиот гинеколог доколку имате проблеми со тврда столица или нередовно празнење на цревата.

Совет: Намалете го ризикот за појава на хемороиди со тоа што ќе го избегнете запекот. Консумирајте храна богата со растителни влакна и не дозволувајте дехидратација на телото. Не заборавајте дека трудниците треба да пијат повеќе вода од вообичаено.

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Дали е нормално крварењето за време на бре...
Глетката на крв никогаш не е добредојдена кога сте бремени. Факт е дека крварењето во бременоста е доста честа појава, о...
4
Во живо: Принцезата почна да се породува!
Следете ги настаните во живо!
4
Мислела дека носи едно дете, а родила шест
Авганистанка родила шесторка, а не знаела дека носи повеќе од едно бебе, објави BBC
4
Влатко Ѓорчев чека трето дете!
Пратеникот кој најголем дел од своето време троши на кампањи за зголемување на наталитетот и низ личен пример поттикнува...
4




Анкета

Бременост.
пеперутка16

Кој дел од бременоста најмногу ви се допадна или најлесно?