|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

9 причини да изберете повеќекратни пелени

Редакција Рингераја, 24.6.2015
Разновидни, симпатични, шарени пелени - на кругови, на ѕвездички, розови за девојче и сини за момче или пак целосно природни кои изгледаат многу меки и нежни

image
/11


 

Еколошки е


Производството на пелени за еднократна употреба нанесува исклучително сериозен удар на животната средина. Користи огромно количество на енергија, вода и гориво, се сечат  милиони дрвја, а при избелувањето во воздухот се испуштаат отровни материи (диоксини и фурани). Над 80% од децата во развиените земји користат пелени, а за секое едно дете се потребни околу  4-5 илјади парчиња, додека се научи да користи нокшир. Не е чудо што тоа е еден од главните битни загадувачи, кој буквално ги полни депониите. Лошото е дека остануваат таму за доста долго време - според различни извори пелени за еднократна употреба се разградуваат меѓу 250 и 500 години. Се разбира, за прозводството, а потоа и за перење на повеќекратни пелени исто така се користат доста ресурси. Но сепак еколошкиот отпечаток од нив е неспоредливо помал, особено имајќи предвид дека ништо не се фрла, а со истите  пелени можете слободно да одгледате две бебиња.

Здраво е

Некои полесни и потешки здравствени проблеми кај децата се поврзуваат со употребата на еднократни пелени - алергии, кожни надразнувања, проблеми со репродуктивниот систем кај момчињата, соединувањето на внатрешни срамни усни кај девојчињата, енуреза и др. Се разбира, кога пелени се користат правилно, се менуваат редовно и кожата се остава да дише, веројатноста тоа да се случи е мала. Но, сепак ризикот да настане проблем се зголемува, особено ако детето е склоно кон тоа. Постојат сомневања дека некои хемикалии кои се користат во производството на еднократни пелени, не се целосно безбедни за бебето. На пример, истиот прашак  кој ја претвора течноста во гел, беше извлечено од производството на тампони, бидејќи се поврзува со синдромот на токсичниот шок. Повеќето повеќекратни пелени се произведени од природни материјал и поминале минимална обработка. Ако се од органски материјали, тоа значи дека не се користат пестициди и хербициди при нивно одгледување. Од гледна точка на здравјето на бебето, тоа секако е најдобра опција.

Поудобни се за бебето

Можно е пелените  да не предизвикаат никакви здравствени проблеми на бебето, но сигурно тоа нема да се чувствува удобно со нив. Дека се суви, суви се, но тоа не е доволно. Покриваат многу голема површина од телотона бебето и не и дозволуваат на кожата  да дише. Една од најголемите предности на повеќекратните пелени, ако се произведени од природни материјали, е дека се дише и внатре е многу  удобно.

Го штедат семејниот буџет

На прв поглед повеќекратните пелени изгледаат скапо, но тоа ќе ви се исплати. За еднократните пелени давате барем двојно повеќе пари, но постепено. Направете си едноставна сметка - колку пари чини еден пакет пелени? За колку време завршува? Колку пакети ќе ви бидат потребни, ако ги користите за 2 години, додека детето се научи целосно и самостојно да користи тоалет?

Бебињата се одвикнуваат полесно од нив

Децата кои носат памучни пелени, ја чувствуваат влагата и многу побрзо ги поврзуваат двете чувства - нуждата и она што следува. Според многу експерти, подоцнежното навикнување на нокшир на децата во последните децении, е поврзано токму со тоа што со пелените децата се чувствуваат суви, без разлика дали извршиле нужда во нив или не. Или пак проблемот сепак е во мајките? Пелените се толку удобно решение, што некои од нив буквално забораваат на задачата  да го научат детето кон нокшир и го чекаат само да "созрее".

Хигиенски се

Дефинитивно пелените за еднократна употреба се суви, но тоа чувство е погрешно. Бидејќи ниту детето, ниту ние разбираме дека пелената треба замена. А не е добро детето  да стои со валкани пелени долго време. Затоа што проблемот не е само во влагата. Идеално памучни пелени се менуваат веднаш, кога е потребно, но дури и кога нема можност за тоа (на пример, во текот на зимата, на прошетка или кога бебето спие), сигурно се менуваат многу почесто од еднократните.

Убави се

Ова, се разбира, е прашање на вкус. Разновидни, симпатични, шарени пелени - на кругови, на ѕвездички, розови за девојче и сини за момче или пак целосно природни кои изгледаат многу меки и нежни.


Спокојство

Веќе нема да мора постојано да одите до продавница да купувате еднократни пелени повторно и повторно. Еден комплет повеќекратни стигнува за доста долг период на време.


Воспитно е и дава порака на децата

Во нашето потрошувачко општество е многу важно да ги воспитуваме децата да се однесуваат внимателно кон предметите, кон ресурсите и животната средина. Толку сме навикнати да купуваме работи кои не се потребни, и да го фрламе она што веќе сме користеле, па потребно е извесно време и добра волја за  да се одвикнеме од тоа. Нема начин да го промениме својот живот и навики одеднаш, но би можеле да почнеме со мали чекори. На пример, да користиме повеќекратни пелени.

Носат задоволство

Откако сте се погрижиле на најдобар можен начин за здравјето и удобноста на вашето бебе, сме го намалиле загадувањето на  природата и сте заштедиле значителна сума на семејниот буџет, дефинитивно се чувствувате многу задоволни од себе!

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Кувар за бебе: Три вкусни кашички со цвекло
Количината на минерали, јагленохидрати и белковини кои ги содржи, го прават цвеклото супер здрав зеленчук. Цвеклото е бо...
7
Календар на исхрана од 4-12 месеци
Воведувањето на цврста храна кај доенчињата може да биде забавно, весело и интересно, но е предмет на сомнежи и двоумење...
5
Кувар за бебе: Кашичка од телешко месо и ц...
Со малку труд подгответе му на своето бебе (постаро од осум месеци) здрава, вкусна и весела кашичка
5
Кортикостероиди за дерматолошка примена
Кога ќе се спомне кортикостероид, кај родителите веднаш се појавува страв, недоумица и се поставуваат безброј прашања - ...
5




Анкета

Бременост.
пеперутка16

Кој дел од бременоста најмногу ви се допадна или најлесно?