Gorde86 во 22:14
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
Веднаш откако му сменивте пелена на бебето, откривте дека има масивна бомба внатре. Не зборувам за мала бебешка кака. Зборувам за кака налик на возрасен човек, која се добива по лоша мексиканска храна, јаки маргарити, ефтино пиво. И што е уште полошо, ја има и по целиот грб.
Вашиот сопруг вели дека бебето му е слатко како пита. Но веднаш откако се вративте дома од френетичното трчање и по обидите да не заспиете чекајќи на семафор, бебето почна да вреска како да видело сцена од хорор филм. Мајките ја имаат таа среќа.
Бебето се смееше и гугаше цело попладне, се додека не ја зедовте камерата. Одеднаш бебето изгледа како да се боцнало на кактус и се чини дека се натпреварува за црн појас, колку многу удира со нозете и има намрштена фаца. Ништо, пријателите ќе мора да ви веруваат на збор дека бебето знае да гуга.
Потрошивте часови обидувајќи се да го држите бебето будно, за да спие повеќе во текот на ноќта. Конечно го заспавте и влеговте да се туширате. Но веднаш штом ги почувствувавте ангелските капки топла вода на вашето тело, бебето вресна толку лошо, што ви се отсекоа и нозете и рацете. Излеговте од кадата и сета среќа што не се лизнавте и не загинавте, само за да сфатите дека бебето презаспало. Во ред е! Бањањето е преценето.
Токму откако го облековте бебето во таа преубава и скапа облека, за што мечтаете веќе цел месец, тоа поврати. Како облекувањето кое траеше 30 минути да не беше доволно, сега облеката е прекриена со смрдлива материја која ни хемиското чистење не би прифатило да ја чисти.
Конечно ја откривте вистинската комбинација на растителни лекови и беби капки кои ги смируваат коликите. Но тоа беше вчера. Денес бебето одлучи дека не може да го поднесе мирисот на тие животоспасувачки капки и да ја повраќа секоја капка која ќе му ја ставите во уста.
Ви требаше само час и половина да констатирате дека времето е убаво, уште половина час да го спакувате потребното за бебето и да го ставите бебето во автоседиште, кога почна да се одвива филмот Exorcist пред вашите очи. Бебето толку исповрати насекаде и имаше толку многу каки во пелените, три пати потешки од неговата телесна тежина. Претпоставуваме дека нема да одите на кафе со пријателката?
Само што завршивте со чистење, кога видовте дека бебето ја зело отворената пудра и ја разнесло низ цела соба. Зарем малку беше тешко да исчистите еднаш, па сега и двапати? Заборавете. Само правете се дека не гледате.
Scary Mommy
me_mother_of_three во 13:31
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
me_mother_of_three во 13:30
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
забава Бремените
Автор: bobik
Грлото ме боли! Бактериска инфекција или вирус?
Болката во грлото е една од најчестите здравствени тегоби. Понекогаш е...
Среќата живее во она што го имаш
Во секојдневието често трчаме по она што ни недостига, по следниот усп...
Што е страв од непознати лица кај бебињата?
Одеднаш твоето насмеано бебе почнува да плаче кога ќе му се доближи не...
Што се смета за нормален срцев ритам на фетусот?
Срцето на вашето бебе започнува да чука рано во бременоста и неговиот ...
Промени на телото во првиот триместар на бременоста
Првиот триместар од бременоста (недела 1-12) е период на големи видлив...
Одвикнување од пелени.
пеперутка16
Дали вашето дете прво се одвикна од мокрење во пелена или од какање, и дали постои одреден редослед по кој прво доаѓа едното, а кога другото?