|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

"Ти благодарам што го доиш нашето дете"

Редакција Рингераја, 20.10.2017
Знаејќи ги сите проблеми како болката од испуканите брадавици и непреспаните ноќи, Камерон Спалдинг напиша емотивно писмо до својата сопруга, заблагодарувајќи ? се за посветеноста и сите жртви кои ги прави за да ја дои нивната мала ќеркичка
Клучни зборови:

image
/11


 

Еј Мама,

Знам дека можеби ова звучи чудно што доаѓа од мене, но што се однесува до мене, ти ја заслужуваш титулата. Ти си најдобрата мајка која ја имам видено. Навистина се одушевувам кога те гледам што правиш.

И сакав да ти го кажам тоа.

Сакам да го признам тоа во овој момент.

Па, еве сум, седам во кујната додека нашето малечко спие во креветчето и ти си свиткана на каучот. Сакав само да ти ги кажам неверојатните нешта на кои бев сведок во изминативе неколку недели.

Начинот на кој се грижиш за нашето бебе е инспиративен.

Начинот на кој ја негуваше додека таа беше во тебе е доказ за љубовта која ? ја даде за време на нејзиното раѓање. Гледајќи те додека ја носеше на овој свет бев премногу горд на тебе и на твојата решителност.

Сега, кога те гледам додека ја доиш во раните утрински часови, одушевен сум. Одушевен од тебе и од твојата непоколеблива посветеност кон нашето дете.

Ти благодарам што си толку добра мајка. Ти секогаш ги поместуваш границите и јас тоа го гледам. Се надевам дека го знаеш тоа.

Начинот на кој му пристапуваш на доењето како шампион ме исполнува со гордост.

Гледајќи те додека ја доиш нашата ќерка ме поттикна повеќе да ја почитувам врската мајка-ќерка.

Ја сакам нашата мала ќеркичка до најмалиот атом, но верувала или не, не можам да направам ништо приближно до тоа што го правиш ти. Пробав, но невозможно е.

Начинот на кој твоето тело го прави колострумот и потоа се променува за да се прилагоди на потребите на бебето е доказ дека ти си апсолутно најдобрата мајка за нашето бебе. Твоето тело е навистина неверојатно, во секоја смисла на зборот. Ти благодарам што му веруваш дека ќе го направи најдоброто за неа.

Но, да бидеме комплетно искрени, ако нешто се случи и ти не можеш да ја доиш онолку време колку што сакаш, тоа е во ред според мене. Комплетно. Јас сум тука за да те поддржам 100%. Не постои мапа во животот која не ја менува насоката одвреме-навреме. Ние секогаш ќе го правиме најдоброто за неа и за нас двајцата. Даваме сè од себе и тоа го правиме секој ден.

Начинот на кој се справуваш со препреките е импресивен.

Како кога му се спротивстави на менаџерот на ресторанот кога ти кажа да доиш на друго место. Жал ми е што тој беше толкав идиот. Ти беше во право што му одговори така, кога ти рече дека тоа што го доиш нашето дете „им смета на другите гости“.

Или како болката на испуканите брадавици. Можеби не знам какво е тоа чувство, но не замислувам дека е пријатно како прошетка во парк. Дозволи ми да ти донесам крем за брадавици од продавницата ако ти треба. Само кажи ми каква да купам и веднаш тргнувам.

Или кога се обидуваше да ја натераш да цица правилно. Јас се фрустрирам додека да сфатам на кој аларм против пожар му треба нова батерија (проклето непрестајно титкање), па не можам да го замислам притисокот што го чувствуваш кога се обидуваш да ја наместиш да цица на дојката додека таа силно плаче. Се надевам дека јас не ти создавам дополнителен притисок. Сметам дека се справуваш одлично и дека се снаоѓаме заедно, ден по ден.

Или кога си будна во сите часови од ноќта и го доиш нашето девојче и немаш воопшто спиено. Се чувствувам немоќен во такви моменти. Знам дека ти помага тоа што ги мијам садовите и се грижам за домот, но тоа е неспоредливо со тоа што ти го правиш. Ветувам дека ќе ти помагам да дремнуваш во секој момент кога е тоа можно.

Немој да дозволиш овие препреки да те запрат. Ти си многу силна.

Тоа што си отворена и искрена со мене прави уште повеќе да се поврзам со тебе и со нашето бебенце.

Ти благодарам што ми кажуваш кога се чувствуваш неудобно или преоптоварено. Нема ништо лошо во тие чувства и искрено твоите емоции и чувства се најважен приоритет за мене во моментот. Сакам да знам како се чувствуваш.

Знам дека сите очекуваат новите мајки да прават салто наназад додека истовремено дојат и пишуваат блог за тоа колку е прекрасно новото кафуле или новиот јога клуб погоре на улицата. Да бидеш извор на храна е тешко и понекогаш може да биде неблагодарно.

Но, се надевам дека ова не е еден од тие моменти.

Па, сакав да ти кажам, ти благодарам душо.

Ти благодарам што се посвети со целото тело во овој процес. Ти благодарам што си сите овие ноќи со неа, хранејќи ја, буквално давајќи ? по малку живот секој пат кога го правиш тоа. И најмногу од сè, ти благодарам што ми дозволи да бидам дел од тоа – да бидам нејзин татко и твој партнер.

Ме одушевуваш. Секој ден.

P.S. Разбуди ме ако ти требам. Само затоа што грчам не значи дека не сум таму за тебе. Само дај ми минута за да се свестам каде се наоѓам...

Со љубов,
Твојот сопруг


Домашна или купечка кашичка за бебе?
Кога ќе дојде време за прихранување на бебето, многу мајки си го поставуваат прашањето, кој е вистинскиот избор - дали д...
4
Косата Ви паѓа откако се породивте?
Дали Вашите сјајни прамени коса почнаа да опаѓаат сега откако бебето е тука? Дознајте зошто тоа се случува и кога треба ...
4
7 намирници за одличен имунитет
Во секој период од годината треба да се трудите што повеќе здрави намирници да консумирате, намирници кои се богати со в...
4
Има ли Вашето бебе теменица?
Теменица (себороичен дерматитис кај бебињата, познат под називот „crusta lutea“, млечна краста, pytiriasis capitis), пре...
3


Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:



Анкета

neda
dzodzo



(84%)

(16%)


Број на сите гласови: 44

Фала на гласовите. Гласавте веќе на сите актуелни анкети. Можеш да направиш своја анкета!