|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Алергијата на кравјото млеко се јавува кај околу 2,5% од доенчињата и кај децата до втората година на животот и претставува најчеста алергиска реакција кај децата од таа возраст.

image
/11


Алергија на протеините во млекото

Во раната детска возраст најчесто се појавува алергија кон различните видови на протеини. Таквите протеини се наоѓаат во сите млечни производи. Се содржат и во адаптираните млека кои се произведени врз основа на кравјото млеко. Мајчиното млеко не е помеѓу алергените прехранбени производи.

Алергијата на протеинот во млекото се должи на незрелоста на дигестивниот систем кај бебето. Кај некои деца пропустливоста на ѕидовите на цревата е поголема од нормалната. Како резултат на тоа низ неа поминува неразграден протеински ланец. Неговото влегување во крвта води до алергиска реакција – осип, дијареа, запек, задушување.

Ако бебето го храните со кисело млеко, алергијата може да се добие и од алергените состојки во него. Многу ретко тие состојки можат да се пренесат во организмот на бебето преку млекото на мајката, кога таа консумира поголема количина на кравјо млеко.

Алергијата на протеинот во кравјото млеко се јавува најчесто пред 8-от месец, или при премин од  доење на кисело или адаптирано млеко. Може да се случи алергиската реакција да се појави по 1-3 месеци откако ќе престанете да го доите детето.

Дијагнозата- нетолеранција на протеинот во кравјото млеко се утврдува преку елиминационен тест – од храната на детето се исклучува кравјото млеко, во било каква форма. Треба да се има во предвид дека и телешкото месо содржи протеини, слични на оние во кравјото млеко и поради таа причина мора да биде исклучено од детското мени. Со почитување на оваа диета, знаците на алергија би требало да исчезнат, под услов дека се работи за алергија на кравјо млеко.

Знаци на алергија

Најчестата реакција (во 90% од случаите) е атопичен дерматит. Обично се зацрвенува само кожата на образите, но исто така може и брадата, вратот, рацете кон лактите, горниот дел на нозете и препоните. Освен што кожата станува црвена, може и да напукне, да се лупи и во повеќето случаи чеша.

Континуирана опстипација (запек)

Континуираниот запек може да биде резултат на алергиска реакција на организмот кон протеинот во млекото. Тоа може да го утврди само педијатар – алерголог.

Најопасни се дијареата и внатрешната алергија. При долготрајна дијареа постои опасност бебето да дехидрира, а при внатрешна алергија да дојде до отежнато дишење и задушување. Ваквите алергиски реакции се среќаваат поретко. Сепак, ако бебето има пореметувања на столицата повеќе од три дена, иако се почитува диетата со храна, веднаш консултирајте се со педијатар-алерголог. Ако детето почне да дише тешко и да помодрува, веднаш повикајте Брза помош!

Што да сторите?

При атопичен дерматит

-          Прво нешто што треба да го направите е да се консултирате со вашиот педијатар. Ако не може да даде стручно мислење околу ова прашање веднаш побарајте упат за педијатар-алерголог.

-          Воглавно, првите мерки кои треба да се преземат, независно од возраста на бебето се : премин кон исхрана со хипоалергено млеко – специјални млека во кои протеинот е делумно разграден (хидролизиран), со што значително се намалува можноста за алергија. Тоа се адаптираните млека кои имаат ознака HA (NAN HA, Humana HA, HIPP HA).  

-          Истовремено, педијатарот ќе ви препише масти за надворешна апликација.

-          Во повеќето случаи, по втората-третата кутија и по лекување со масти, атопичниот дерматит се губи.

-          Ако бебето е под шест месеци, додека да исчезне осипот треба да се прекине со друга храна (кашички, сокчиња), а потоа да се храни со храна која не содржи млечни протеини.

-          Ако бебето е поголемо и не може да се храни само со млеко, веднаш преминете на храна без млечни протеини.

-          Покрај телешкото месо, кое исто така содржи протеини, на бебето не треба да му се даваат млека од други животни, бидејќи имаат сличен антиген состав со оној на кравјото млеко.

Мајките треба да знаат дека доењето е најдобар избор и комплетна храна за нивното бебе. При неможност да дојат, изборот на млеко мора да се направи со помош на педијатар.

Во повеќето случаи на алергија кон кравјо млеко, исходот е поволен. Со текот на времето, по подолг период на стриктно почитување на елиминациона диета (обично по првата година) симптомите исчезнуваат и тогаш детето може да се врати на нормална исхрана. Вклучувањето на кравјото млеко е постепено, под медицинска контрола, преку т.н. провокационен тест (се дава мала количина на разредено кравјо млеко) и се следи реакцијата на организмот. Во потешките случаи нетолеранцијата кон кравјото млеко се губи до третата година.

Алергија кон лактоза - млечен шеќер

Неподнесувањето на кравјо млеко не е секогаш поврзано со млечниот протеин, понекогаш тоа е поврзано со лактозата – млечниот шеќер. Во овие случаи се јавува т.н. кисела дијареа кај децата, односно столицата на бебето е течна, зеленикава, пенеста и има непријатен мирис.

Овде се работи за дефицит на ензимите кои учествуваат во разградувањето и апсорбирањето на лактозата во организмот. Овој дефицит може да биде вроден (ако дијареата се појави во првите денови по раѓањето), или стекнат (кога цревната слузница е оштетена од инфекции, паразити и сл.)

Лекувањето на оваа алергија е исто така со диета-исклучување  на лактозата која е нормална состојка на сите животински млека. Децата со алергија на лактоза треба да се хранат со

-          Адаптирани млека врз база на соја

-          Диетални млека врз основа на протеински хидролизати

Во овие млека нема млечен шеќер, а јагленохидратите се во форма на малтодекстрини.

Исходот кај овие деца е исто така поволен и се надминува. Во ситуациите со вроден лактозен дефицит, ситуацијата е малку посложена бидејќи децата мора да почитуваат нелактозна исхрана во текот на целиот живот. Поволно е што децата се развиваат физички и психички нормално и се со добро здравје.

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Календар на исхрана од 4-12 месеци
Воведувањето на цврста храна кај доенчињата може да биде забавно, весело и интересно, но е предмет на сомнежи и двоумење...
5
Егзема или атопичен дерматит
Егзема или атопичен дерматит е воспаление на кожата предизвикано од комбинација на наследни фактори и одредени надворешн...
5
Љубовта меѓу мајката и бебето
Научниците кои се занимаваат со развојот на децата, откриле кои физиолошки и хемиски фактори допринесуваат во развојот н...
5
Evy Baby - нови бебешки пелени!
Со комбинација од искуството и најновата технологија за среќни бебиња и мамички, Evyap ги вклопи сите карактеристики што...
4




Анкета

Што да дознаете.
пеперутка16

Кога би носеле тројки, што би направиле?