|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

10 работи кои ми фалат откако станав мајка

Редакција Рингераја, 11.11.2020
10 работи кои ми фалат откако станав мајка
Клучни зборови:

image
/11


Ми се исполни срцето со љубов и секој ден ми беше посебен.

Се разбира, не секоја минута од денот, сепак, тука постојат валканите пелени, плачење и ноќи без сон.

Раѓањето на бебе ми го смени животот. Тоа ме принуди да ставам некој друг на прво место. Тоа ме научи за радоста што можам да ја добивам од тоа да направам некој друг среќен. И тоа ме направи она што сум јас денес.

Но, сепак, постојат неколку работи кои понекогаш ми фалат од претходниот живот.

 

Непланирањето

Непланирани посети на пабот после работа, непланирани посети на моите пријатели, спа патувања... Сето ова сега се само далечни мемории сега.

Овие денови, земање на слободно време од фамилијата изгледа како воена операција. Мора да го проверам својот распоред, па распоредот на сопругот, потоа морам да проверам дали моите деца имаат некоја роденденска забава на која што треба да присуствуваат, по потреба, морам да најдам и дадилка.

С? е испланирано месеци однапред. Дури и да се работи за една обична вечер во пабот со пријатели, тоа мора да се испланира. Нема ништо повеќе возбудливо и непланирано во мојот социјален живот.

 

Неделни утра

Пред да имам деца, мислев дека неделните утра се само мит. Никогаш не сум видела неделно утро.  Нив ги минував спиејќи и се будев за ручек.

Никогаш не ни помислив дека некои луѓе се приморани да се пробудат во 6 часот наутро во недела.

 

Чиста куќа

Да не се лажеме, никогаш не сум била опседната со уредноста во куќата.
Мојата куќа никогаш не била материјал за изложба, но беше многу полесно да се задржи нејзината презентабилност кога не се давев во играчки.

Тогаш, кога ќе средев, можев да седнам и да имам момент на задоволство од тоа што сум го направила. И сега е исто така, единствената разлика е тоа што моментот на задоволство никогаш не трае повеќе од 2 минути.

 

Експериментирање со храна

Сакам да готвам, но овие денови може да ти биде простено што не веруваш во тоа. Пред да имам деца, секогаш избирав нови рецепти и експериментирав со различни јадења.

Сега, готвам што знам дека ќе јадат моите деца. Инаку е премногу ризично, нели? Што ако поминам часови робувајќи над врелиот шпорет само за да откријам дека и двајцата го мразат оброкот. Не можам да ризикувам.

 

Маратонско гледање серии

Маратонското гледање серија е најдоброто нешто. Најдувате добра серија, се откажувате од спиење 3 дена, серијата завршува и вие се прашувате што сега ќе правите со вашите животи.

Сега, јас сум импресионирана ако успеам да изгледам две епизоди во една вечер.

 

Мамурлак

Се сеќавате на мамурлаците? На оние јас-сум-млад-правам-што-сакам-и-се-враќам-кога-што-сакам мамурлаци? Оние во кои целиот нареден ден го преспиваш и се разбудуваш само за да јадеш нездрава храна.

Одење на кино

Кога бев бремена, многу луѓе ми зборуваа – Оди на кино, ќе ти недостига. Јас мислев дека се луди, зошто киното би ми недостигало. Епа сега знам зошто.

Толку многу заостанувам со тековните изданија, што немам претстава за што разговараат моите пријатели.

 

Читање

Ех, како ми недостига тоа. Каде и да одев, си носев книга со себе, книга која секогаш беше прочитана во рок од неколку дена, ако не и часа.

Не кажувам дека сега не читам, јас сепак читам многу.

На пример, Снежана и седумте џуџиња ја читам по 8 пати на ден.

 

Настинка

Сите можеме да се согласиме, никој не сака да биде настинат, беше ужасно. Но, тоа ужасно е многу подобро од моменталното ужасно.

Пред да имам деца кога ќе се разболев јас легнував во кревет и спиев додека не ми биде подобро. Јадев супа, пиев свежи сокови и многу течности.

Сега тој луксуз не постои. Сега кога ќе се разболам денот воопшто не ми се разликува од било кој друг ден, освен силната главоболка и повременото плачење.

 

Грижа за небитни работи

Порано се грижев за многу небитни работи. Неважни работи, само чудни мали грижи што ќе ми влезат во главата. Дали изгледам добро во ова здолниште? Дали мојата презентација на работа ќе оди добро? Дали сум јадела премногу чипс денес? Овие мисли беа она што мислев дека е „загрижувачко“ - пред да имам деца.

Откако станав мајка грижите се кренаа на сосема друго ниво. Јас сега се грижам за апсолутно с?. Дали моето дете ќе падне во паркот и ќе си скрши заб, дали и се потсмеваат на мојата ќерка на школо, дали јадат како што треба, дали сум добар родител, каков ќе ни биде понатамошниот однос итн...

Родителите имаат вистински грижи и баш ми недостига времето кога мислев дека дамка од кечап на кошулата е многу важно нешто.

Ова сигурно не го знаевте за новороденчињата!
Бебињата се неверојатни мали суштества кои постојано ги изненадуваат своите родители, претежно позитивно, а понекогаш и ...
18
Приказна за Мајмире, која ќе ве расплаче
Мајмире Исмаил имала пет деца, но само едно и преживеало. Згрижила девојче кое имало сплескана главичка, искривени нозе ...
16
Што да јадете за да не добиете коронавирус?
Кои витамини и минерали се најефикасни во борбата против Ковид-19? Кои се оние хранливи материи кои имаат научно докажан...
13
Дали мојата вагина ќе се врати во нормала ...
Ова е прашањето од милион долари на кое сакаат oдговор повеќето бремени жени.И иако не е тоа што сакате да го слушне...
7


Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:



Анкета

Вакцини
Fiao

Бидејќи бројот на родители кои се против вакцинација расте, да се преброиме колку сме?

За (66%)

Против (34%)


Број на сите гласови: 125

Фала на гласовите. Гласавте веќе на сите актуелни анкети. Можеш да направиш своја анкета!