|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Здравата исхрана е многу значаен дел од бременоста. Доколку во бременоста се храните здраво, и вашето дете во стомакот ќе живее здраво.

image
/11


Здравата исхрана е многу значаен дел од бременоста. Доколку  вие во бременоста се храните здраво, и вашето дете во стомакот ќе живее здраво. Иако на голем број трудници во тој период вкусот за храна им се менува и често посакуваат некој одреден тип на храна, постојат некои правила за здрава исхрана кои може да ви помогнат. Во текот на бременоста потрошувачката на одредени хранливи состојки во телото се зголемува и затоа е потребно во тој период да ги внесуваме со храна што повеќе.

Фолната киселина е многу важна уште на самиот почеток на бременоста. Најдобро е препаратите со фолна киселина да ги земате неколку месеци пред забременувањето. Можете да ја внесувате во облик на таблети кои ги добивате во аптеки, а можете да ја најдете и во темнозелениот зеленчук. Недостаток на фолна киселина може да доведе дури и до абортус, предвремено одвојување на плацентата или помала тежина на новороденчето.

Во тој период обавезна е и контрола на железото, затоа што телото троши два пати повеќе отколку обично. Недостаток на железо често е поврзан со неприлагодена тежина во бременоста. Железото кое го добиваме од храната од животинско потекло има предност пред оние од растително потекло. Меѓутоа доколку се појави недостаток на железо, подобро да го надополниме со таблети, отколку да изедеме два пати повеќе месо.

А каква е исхраната на жените кои се хранат на вегетаријански начин, за време на бременоста? Жените кои биле вегетаријанки пред бременоста, мора да се погрижат да добијат доволно состојки кои ќе ги надополнат хранливите состојки кои се наоѓаат во месото. Се препорачува во исхраната да вклучат доволно млечни производи, а за надополнување на витаминот B12 треба да се избере комбинација на тој витамин и фолна киселина. При потполно откажување на храна од животиснко потекло (јајца, млеко и млечни производи), жената може да му наштети на развојот на детето, затоа е подобро во бременоста да се откаже од потполно вегетаријанство.

Калциум и витамин D се важни за формирање на коските и за раст на ембрионот. Најдобро е да набавите дополнителен калциум во облик на таблети. Ако дојде до недостаток на калциум во телото за време на бременоста, детето ќе црпи калциум кој инаку би ви припаѓал вам. Како последица на тоа може подоцна да дојде до проблеми со забите и остеоропоза. Овошје и зеленчук - пробајте да ги конзумирате во најмалку 3 дневни оброци, бидејќи се одличен  извор на витамините A и C. Витамин C кој се наоѓа во брокулата, зелката, пиперките, компирот, спанаќот, грашокот, доматот, портокалот, дињата, грејпфрутот, му помага на телото при апсорпција на железото од храната. Зелената пиперка, морков, компир и брокула имаат резерви на витаминот A  кои го помагаат растот на здравите клетки кај вас и кај плодот.

И на крај - колку храна е потребно на женското тело во бременоста за да не биде ни премногу ни премалку, т.е. да биде доволно за детскиот раст? Докторите препорачуваат количината на храна во првите 3 месеци да биде иста како и пред бременоста. Тогаш на ембрионот за опстанок и развој му е потрена минимална количина на енергија. Во четвртиот месец се препорачува да го зголемите внесот на енергија за 200 - 300 калории. Гладот, кој ќе се појави во поодмината бременост, можете да го задоволите со мали оброци помеѓу главните оброци. Внимание, малите оброци не се пола кеса чипс, тортички или грицкање на чоколада! Заради преголема тежина за време на бременоста може да дојде до превисок притисок, труднички дијабетис и други компликации во бременоста.

 

Породување со царски рез
Иако докторите му даваат предност на породувањето по природен пат, бројот на царските резови во нашата земја од година в...
7
Абортус - прекинување на бременоста
Под предизвикан абортус се подразбира прекинување на бременоста пред да биде плодот способен за живот надвор од телото н...
5
Детето развива јазични навики пред да се роди
Гласот на трудницата развива јазични навики кај нејзиното неродено дете, открија научниците од медицинскиот институт во ...
4
Тежината на трудницата по неколку недели о...
Колку е препорачливо да се здебелите во бременоста и зошто килограмите така нагло се зголемуваат?
4


Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:



Анкета

Имиња за момчиња
petraa

Кое ви се допаѓа вам? Еве ви убави македонски не-помодарски имиња :)

Јане (13%)

Петар (26%)

Стојан (3%)

Димитар (17%)

Коста (6%)

Дамјан (35%)


Број на сите гласови: 105

Фала на гласовите. Гласавте веќе на сите актуелни анкети. Можеш да направиш своја анкета!