Jeca во 12:19
на тема RE: Трудници, што јадевте денес?
Веќе долго време се знае дека за време на бременоста плацентата овозможува двонасочно движење на имуни клетки меѓу мајката и плодот. Некои од разменените клетки се способни да формираат врски, кои се активни барем половина век по раѓањето.
Физичката врска меѓу мајката и фетусот се остварува преку плацентата - орган, изграден од клетките на жената и нејзиниот фетус, преку кој се врши размена на хранливи материи, гасови и отпадни производи од виталните функции на бебето. Клетките можат да мигрираат низ плацентата и да го продолжат своето постоење во многу органи на телото на мајката.
Кога две различни популации од клетки се наоѓаат во еден организам, појавата е позната како микрохимеризам. Микрохимеризам значи дека постои генетски материјал и клетки во организмот на мајката, разменети меѓу неа и ембрионот за време на бременоста. Познат е фактот дека фетална ДНК се открива во крвта на мајката уште во првите 9 недели од бременоста. Клетките на бебето остануваат во главниот мозок на неговата мајка до крајот на нејзиниот живот.
Овој феномен бил забележан кај луѓето пред многу години, кога биле откриени клетки кои содржат машка Y хромозом, во крвта на жените после породувањето. Бидејќи овие клетки се генетски машки, тие нема како да се сопственoст на женското тело и најверојатно потекнуваат од нивните синови.
Според последните истражувања токму овие клетки имаат дејството на матични клетки и учествуваат во процесите на регенерација на ткивата.
Освен радост, љубов и среќа, бебето ни е и извор, од кој извира иднина, надеж и живот!
15
4
4
забава Бремените
Автор: bobik
Зошто доаѓа до имплантациско крварење?
Мала розева или кафенкаста трага на долната облека во периодот кога ја...
Трета недела од бременоста, почеток на нов живот
Иако можеби сe уште не знаете дека сте бремени, во третата гестациска ...
Магнезиум во исхраната на вашето дете
Кога размислуваме за здрава исхрана на детето, најчесто зборуваме за п...
Дали земањето омега 3 ќе ви помогне со плодноста?
Омега 3 масните киселини често се споменуваат како дел од исхраната за...
Колку движење е доволно во бременоста?
Бременоста не значи дека треба цел ден да се одмора, но не значи ниту ...