Jeca во 12:26
на тема RE: Работа од дома
Предавањето ќе се одржи во сабота, 29 март 2014г, од 17 до 19 часот во БАС - Бизнис Академија Смилевски (над ВЕРО во Аеродром). По предавањето се планира прикажување на едночасовниот документарен филм „Дула“ (со хрватски титл). Работилницата е бесплатна. Проширете ја веста до оние кои мислите дека би биле заинтересирани да дојдат!
Што е дула?
Дула е емотивна, физичка и психолошка поддршка и помош на родилката за време на породувањето. Тоа е личност која верува во способноста на секоја жена да се породи, која ја знае вредноста и радоста на раѓањето, и која е способна да верува во родилката дури и кога таа самата и другите околу неа се сомневаат. Дула е збор со грчко потекло и значи служителка. Дулата ќе и помогне на родилката да ја заземе положбата која најмногу ? одговара, ќе ја масира за да ? ги олесни болките, ќе ? става облоги, ќе ја држи за рака со цврсто уверување дека таа може да пројде низ процесот на породување. Или, доколку родилката го сака тоа, само ќе седи покрај неа и ќе биде присутна за неа.
Со континуирана поддршка на дулата
- се зголемува веројатноста за природно породување (12%),
- се смалува веројатноста за медицински интервенции, како што се царски рез (28%), користење на индукција (40%) или епидурална анестезија, вакуум екстрактор или форцепс,
- породувањето се забрзува и за неколку часа,
- се зголемува задоволството од искуството на раѓање (34%),
- се зголемува бројот на мајки кои успешно го дојат своето бебе,
- се смалува веројатноста од заболување од пост-породилна депресија, родителите се чувствуваат посигурно, а со самото тоа и подобро и со поголема самодоверба се прилагодуваат на новиот семеен живот.
Важно е да се знае дека дулата не е исто што и бабица. Бабицата е медицинско лице, кое има знаење и вештини да биде со родилката за време на породувањето и се грижи се да пројде во најдобар можен ред од медицинска гледна точка. Дулата не е медицинско лице, иако многу добро ја познава физиологијата на породувањето. Дулата исто така е поддршка и на самата бабица, никогаш нејзина замена.
Односот на дулата и родилката започнува уште за време на бременоста, кога тие се запознаваат и среќаваат неколку пати пред породувањето. За време на тие средби дулата и родилката имаат можност да се запознаат подобро, да разговараат за желбите, плановите, сомнежите и стравовите на родителите.
Од голема важност е дулата и родилката да бидат на иста бранова должина, меѓусебно да се разбираат и со леснотија да остварат блискост и взаемна доверба.
Дула може да се стане со завршување на обука преку неколку етаблирани организации во светот. Најголемата од нив е DONA INTERNATIONAL, специјализирана за обука и промоција на дулите. Доколку има интерес, може да се организира обука за дули и во Македонија.
Повеќе за дулите можете да дознаете на сајтот на Здружението на дули на Србија, www.dula.rs или на фејсбук страната на Светската недела на дулите, https://www.facebook.com/worlddoulaweek.
3
2
2
2
забава Бремените
Автор: bobik
Знаци дека телото е подготвено за бременост
Подготвеноста за бременост не се мери само со желбата за дете, туку и ...
Задржување течности или масно ткиво
Промените во телото често создаваат дилема, дали станува збор за задрж...
Вежби за фина моторика според возраста
Фината моторика се однесува на способноста за прецизни движења со раце...
Контрола на хормоните во текот на бременоста
Бременоста е период кога телото на жената поминува низ интензивни хорм...
Рутина за спиење според возраста на детето
Добрата рутина за спиење е клучна за здрав развој, расположение и одне...