Mother. во 00:54
на тема RE: Шум на срце кај дете
Има некои работи кои секоја мајка е добро да најде време да и ги каже на својата ќерка пред таа да порасне
"Научи се да кажуваш НЕ!"
Се разбира, ниедна мајка не сака на неа да и се одговара со "не!", но е добро да го научите девојчето дека во големиот свет човек треба да научи да поставува приоритетот на своите лични интереси и оние на своите најблиски.
Освен тоа, што се однесува до момците, приучувањето на девојчето да одбива разни непристојни предлози, ќе му биде од корист. Добро е да се научи дека за да го привлече вниманието на достоинствен човек, со кого ќе воспостави вистински значајни односи, треба да се почитува прво себе и да умее да става приоритети.
"Поминувај повеќе време во тоа да мислиш колку убава си внатрешно, наместо да се грижиш како изгледаш!"
Секоја девојка сака да изгледа добро, привлечна и шармантна. Задачата на мајките е да го развијат кај девојчињата чувството за тоа колку е важна внатрешната убавина и добрина не само за детето, но и тоа да биде критериум за избор на пријатели и партнери во иднина.
"Предметите нема да те направат среќна!"
Да, точно е дека сите имаме потреба од одредени предмети, за да се чувствуваме добро во секојдневниот живот, но потенцирањето на подредената улога на материјалните работи за сметка на духовните вредности е многу важно, за да не порасне девојчето во личност која преферира минливи богатства, кои всушност не го прават животот среќен.
"Не суди ги луѓето, но знај дека ќе бидеш судена!"
Подгответе ја младата девојка за тоа колку лоши можат да бидат луѓето и колку неправеден е светот. Научете ја дека и покрај тешкотиите кои животот ги послужува, треба да наоѓа начин секогаш да стои на нозе, без да страдаат блиските.
"Сакај се себе на прво место!"
Не брзајте да го прогласите овој мајчински совет за егоизам, бидејќи не е! Секој човек треба да се сака и почитува себеси, ако сака и околината да се однесува така кон него. Кај луѓето во голема мера е останат оној животински инстинкт кој ги тера животните да ги јадат и избркаат слабите. Колку и да сме со висок разум, не сме го изгубиле овој инстинкт, па затоа е важно девојчето да знае дека љубовта кон себе дава силен ореол на личноста.
"Сексот треба да е забавен!"
Ниедна девојка не треба да се чувствува должна да одговори на предлозите на секое момче. Уште повеќе треба да разбере (кога ќе дојде време) дека не е потребно да прави работи кои не и се пријатни. Научете ја да не прави компромиси со себе, кои би можеле да ги повредат нејзините чувства.
"Да бидеш паметна е кул!"
На училиште децата се бомбардирани со потсмев, особено ако ги учат лекциите трудољубиво и се трудат да добиваат добри оценки. Всушност да бидеш добар ученик е доблест, од која вашата девојка не треба да се срами, туку напротив! Нека знае дека науката и образованието се стремеж кон кој човештвото непрестано оди со векови.
забава Бремените
Автор: bobik
Како да се изградат здрави граници со родителите?
Во секое семејство постои длабока поврзаност меѓу родителите и децата,...
Црвен кармин за свадбени прослави
Црвениот кармин отсекогаш бил симбол на самодоверба, елеганција и заво...
Грешките не се крај, туку патоказ
Во животот често тежнееме кон совршенство, но токму грешките се тие шт...
Идентитетот на бебето започнува со игра и збор
Чувството на сопствен идентитет не се појавува одеднаш. Тоа се гради у...
Пастеризирано vs. Сурово млеко
Млекото отсекогаш било симбол на здравје и природна храна, но околу то...
Одвикнување од пелени.
пеперутка16
Дали вашето дете прво се одвикна од мокрење во пелена или од какање, и дали постои одреден редослед по кој прво доаѓа едното, а кога другото?