|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Вртоглавица и несвестица во бременоста

Редакција Рингераја, 22.4.2014
Ниското ниво на шеќер во крвта, нискиот крвен притисок, пребрзото станување или високата собна температура можат да допринесат во појава на вртоглавица во бременоста

image
/11


 

Вртоглавицата е вообичаена состојба во бременоста. Во раната фаза од бременоста може да се случи бидејќи вашиот крвоток се обидува да држи чекор со зголемената циркулација. Подоцна, вртоглавицата може да биде резултат на притисокот на материцата врз поголемите крвни садови. Ниското ниво на шеќер во крвта, нискиот крвен притисок, пребрзото станување или претоплата температура, можат да допринесат во појава на вртоглавица.

Несвестицата во текот на бременоста не е многу честа појава, но ако се онесвестите причина за тоа е намалениот доток на крв во мозокот. Тоа нема да му наштети на вашето дете. Веднаш известете го лекарот за несвестицата, бидејќи тоа може да биде знак на тешка анемија.

 

Што да направите за да ја спречите појавата на вртоглавица и несвестица

-          Секогаш полека станувајте од седење или лежење, за да може крвта да дојде до вашиот мозок

-          Лежете настрана, а не на грб.

-          Пијте течности и јадете солена храна.

-          Јадете сложени јагленохидрати – леб, тестенини, ориз, житарици и мешункасти плодови или обидете се да јадете помалку но почесто за да го одржувате нивото на шеќер во крвта.

-          Секогаш во торбата имајте суво овошје или кекси за брзо подигнување на нивото на шеќер, додека сте излезени.

-          Ако ви е премногу топло, излезете на свеж воздух или ослободете ја облеката, особено околу вратот и половината.

-          Ако ве фаќа несвестица легнете и подигнете ги двете нозе на повисоко ниво од телото.

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Флуорот во борбата против забниот кариес
Во превентивата против забниот кариес најголемо место им припаѓа на флуоридите. Флуорот во организмот се наталожува во к...
3
Најважни совети за секое тромесечие од бре...
Бременоста е исклучително возбудлив период за сите идни родители, но и збунувачко време заради силните совети кои ќе ги ...
3
Тестирајте се денес за мирна бременост
Дознајте повеќе за здравјето на вашето дете пред раѓањето
3
Ако немате утринска мачнина, носите машко ...
Дали е вистина дека ако немате утринска мачнина рано во бременоста, носите машко дете?!
3




Анкета

Носот.
пеперутка16

Како го чистите носот на малите деца?