Jeca во 12:19
на тема RE: Трудници, што јадевте денес?
1. Тромесечие
Запомнете дека фолната киселина им се препорачува на сите трудници. Најдобро би било да почнете да ја земате веднаш штом ќе почнете да планирате бременост.
Внимавајте на исхраната. Добрата исхрана е важна за здрава бременост и развој на плодот, но немојте да се збуните, бидејќи не е важна количината на изедената храна, туку квалитетот. Во првите пет месеци потребни ви се повеќе од 300 калории дневно.
Првите испитувања на крвта би требало да ги направите на почетокот од бременоста. Ова вклучува потврда на крвната група, висина на железото и вообичаена крвна слика и испитување на урина. Не е лошо да почнете да земате додаток на железо, за да ја протуркате цела бременост без проблеми.
2. Тромесечие
Ако страдавте од типични труднички проблеми, како што се утринска мачнина и замор, добрата вест е што најверојатно овие проблеми сега ќе исчезнат.
Во овој периот ќе ги почувствувате првите движења на бебето, а околу 20-та недела можете да го дознаете и полот на бебето.
Иако вашето тело се уште се навикнува на бременоста и ќе забележите мало зголемување на тежината, се уште е важно да спиете доволно и доволно често да излегувате на свеж воздух.
Во овој периот ќе имате повеќе промени, па запомнете се што треба да го прашате гинекологот, кога ќе одите на контрола.
3. Тромесечие
Можно е да започнат проблемите со спиењето, бидејќи нема да можете да се наместите, или ќе морате почесто да одите во тоалет. Доколку не можете да заземете положба за спиење, размислете за купување на банана перница за трудници и доилки.
И понатаму е важно да се храните здраво до крајот на бременоста, па и подоцна, додека доите. Во овој период најбрзо се развива мозокот на вашето бебе, па внмавајте да земате доволно масни киселини и железо, кои се важни за развојот.
Како ќе се приближува терминот за породување, можете да почувствувате Braxton-Hicks-ови контракции, познати како лажни породилни болки, киселини во желудникот и болки во стомакот. Иако сите овие работи се незгодни, тие укажуваат на тоа дека вашите труднички хормони работат со полна пареа и го подготвуваат вашето тело за породување.
На крај, немојте да заборавите да ја спакувате торбата за во болница, уште кога ќе влезете во 9-от месец.
6
4
4
4
забава Бремените
Автор: bobik
Плач пред доење, глад или нешто друго?
Кога бебето почнува да плаче непосредно пред доењето, најчесто првата ...
Што им е најважно на бебињата за здрав развој?
За здравиот развој на бебето не се потребни скапи играчки, совршено ор...
Позитивниот ХПВ тест не значи автоматски дека е потребен третман. ...
Чај за време на бременоста, што е безбедно, а што не?
Во бременоста чајот може да биде пријатен начин за внесување течности,...
Која пумпа за млеко е најсоодветна за вашите потреби?
Рачна или електрична? Еднострана или двојна? Мала и дискретна или помо...