vfta во 10:14
на тема Вегански алтернативи
Ова се едни од најчестите ветувања со појавата на првите денови од Новата година. Во тоа време често правиме биланс за минатото време - што сме завршиле, што сме одложиле, од што сме страхувале, што не направило посилни и што нема повеќе да повториме, за ништо на светот. Давајќи ветувања, всушност си даваме насоки за претстојната година и за личниот развој.
Зошто даваме ветувања кои не ги исполнуваме?
Ни се чини дека ако нешто ветиме на празник, веројатноста да го исполниме ветеното е поголема. Новата година е нов почеток и во неа посакуваме добрите работи да се повеќе и почести. Во нашите желби за подобар живот и посигурна иднина всушност нема ништо лошо. Напротив, оптимизмот е една добра црта која може радикално да го промени човечкото секојдневие. Празничниот ентузијазам често не тера да гледаме нереално на светот. И кога даваме ветувања понекогаш ги поминуваме нашите можности. Несовпаѓањето помеѓу посаканото и реално можното е причина многу од желбите да останат само добро формулирани фрази на белиот лист хартија.
Не давајте си празни ветувања
Нема смисла да си ветувате дека ќе престанете да пушите, ако во едната рака го држите пенкалото, а во другата цигарата. Избришете ги од Вашиот речник изразите "од утре" "од понеделник" "од Нова година". За да стане едно ветување реалност, најдобро е да се започне од ДЕНЕС. Сегашното време е најдобра гаранција дека работите навистина ќе се случат.
Не давајте им ветувања на децата за кои знаете дека се недостижни
Детската памет во никој случај не е кратка. Ако се потпрете на тоа дека детето наскоро ќе го заборави ветеното, повторно размислете! Не му ветувајте дека ќе добие луксузни патики, или ќе оди на екскурзија во Шпанија, ако се сомневате во сигурноста на работното место. Разочараноста од неисполнетите ветувања може да ја поткопа довербата на детето во родителите. А тоа сериозно ќе ја наруши Вашата комуникација во иднина.
Човекот е способен за поголеми нешта, отколку што може да претпостави. Тие карактеристики често излегуваат на виделина кога сме притиснати од околностите. При напнати моменти и ризични ситуации способни сме да покажеме мотивација, па дури и физичка сила за која не сме биле свесни. Затоа е убаво да си поставуваме цели - и реални и големи. За да има кон што да се стремиме и што да не води напред. Сосема реално е, на пример, две години на факултет да се земат во една. Тоа е прашање само на дисциплина и желба. Во апсолутна реалност влегува и откажувањето на цигарите дури и на долгогодишен пушач, само е прашање на волја. Повеќето големи и високи цели ќе не поттикнат да бидеме поорганизирани и повеќе да се залагаме да ги исполниме. А тоа се едни од големите предности на човечкиот карактер.
11
4
4
4
забава Бремените
Автор: bobik
Нега на кожа со флеки и пигментација
Темните дамки на кожата се чест проблем кој може да се појави по излож...
Цицање палец, утеха, навика или потреба?
Цицањето палец е една од најчестите навики кај бебињата и малите деца....
Кога да започнете да му читате на бебето?
Можеби звучи рано, но со читањето не мора да чекате бебето да почне да...
Цвеклото е коренест зеленчук кој лесно може да стане дел од балансиран...
Што да направите кога детето е мета на исмејување?
Кога детето ќе стане мета на исмејување, навредување или потсмевање, р...