|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?

Влијаете ли негативно на Вашето дете?

kidsarelovely.com, 15.5.2014
Целта на родителите е да ги заштитат своите деца истовремено учејќи ги како да се заштитат самите себеси. Но постојат родители кои се однесуваат премногу заштитнички. Какви последици предизвикува претерано заштитничкиот однос?

image
/11

За актуелни содржини и вести од светот на родителството и бременост изберете ја Рингераја како свој омилен извор на Google.
Google
Ringaraja logo
Постави


 

Родителите не треба да се борат за нивните деца во групна детска игра, тие треба да ги учат како да се биде најдобар во групата.

Еве некои од негативните последици со кои што се соочуваат децата, на овој тип на родители, додека тие растат. Ако се прашувате дали вашиот однос е премногу заштитнички спрема вашите деца, можете да видите дали треба нешто да промените. Ова е кратка листа како споменатиот тип на родители лошо влијае врз децата:

 

Присутни насекаде и во секое време

Претерано заштитничките родители постојано „висат“ над главите на нивните деца. Така, тие дури и не им даваат слобода на своите деца сами да се справат со одредена ситуација. Ако родителите се постојано присутни, детето се навикнува на тоа, па дури и за лесно совладливи работи бара помош од родителот. Овие работи ќе се променат кога детето ќе порасне и родителите нема да бидат во можност да направат сè за него. Затоа, на децата треба да им се даде шанса да ги решаваат ситуациите сами, без помош од родителите.

 

Столб на патот на среќата

Претерано заштитничките родители се опседнати со идејата дека живото на нивните деца треба да е без никаков стрес, за што целосната одговорност си ја префрлаат себеси. Тие не можат да ја сфатат идејата дека тие всушност стојат на патот на среќата на нивното дете. Борејќи се за нивното дете да биде совршено можат да спречат тоа да учествува во многу забавни работи што децата ги прават среќни. Како цел на сето ова, децата почнуваат да страдаат од депресија и анксиозност кои можат да бидат директно поврзани со однесувањето на нивните претерано заштитнички родители.

 

Намалување на самодовербата на детето

Сите ние стекнуваме доверба на ист начин, без разлика дали сме на 10 или на 40 годишна возраст. Претерано заштитничките родители, за жал, исто така, стекнуваат доверба со тоа што мислат дека прават добра работа превентивно спречувајќи ги своите деца сами да направат нешто, односно да преземат одговорност за некоја работа, со што ги спречуваат децата да научат лекција-две за животот.

Овие родители имаат тенденција сè да постигнат сами, наместо да им овозможат на нивните деца да го направат тоа. Со текот на времето, децата почнуваат да мислат дека нивните родители ја вршат работата за нив, бидејќи тие не се способни да го прават тоа и да донесат соодветни одлуки.

Со цел да се избегне намалување на самодовербата на детето, родителите треба да ги поттикнат нивните деца сами да искусат некои работи, да ги пофалат кога ќе се заслужни за некој успех или да ги утешат кога нема да успеат, но во секој случај треба да ги остават сами да се справуваат како независни личности.

 

Столб на патот на зрелоста

Ако претерано заштитничките родители прават сé за нивните деца, тие го навикнуваат умот на нивните деца дека тие секогаш ќе биде присутн и секогаш подготвени да ја завршат работата наместо нив. Како резултат на тоа, некои деца не созреваат правилно.

Родителите треба да го подготват детето да биде независна личност која ќе знае како да се справи со прашањата и проблемите со кои постојано ќе се соочуваат, додека да станат зрели личности. Затоа, еве еден едноставен совет за ваквите родители: Дозволете му на вашето дете да порасне!

 

Извор: http://kidsarelovely.com/

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Што да направите кога детето е мета на исм...
Кога детето ќе стане мета на исмејување, навредување или потсмевање, родителите често прво чувствуваат лутина и беспомош...
11
Помалку играчки - посреќнo дете?!
Употребата на премногу играчки не е предност, туку ограничување за детето. Дознајте зошто:
4
Љубовта на мајката низ илустрации
Нежна и силна, бескрајна и безусловна. Каква е љубовта на мајката?
4
Како да создадете омилен агол за спиење?
Преминот од бебешко креветче во вистински детски кревет е еден од најзначајните моменти во растењето на детето. Тоа не е...
4




Анкета

Razlika vo godinite
dragana92

Koja e idealna razlika na godini pomegu 1voto i 2roto dete?

1g (6%)

2g (23%)

3g (39%)

4g i poveke (31%)


Број на сите гласови: 236

Фала на гласовите. Гласавте веќе на сите актуелни анкети. Можеш да направиш своја анкета!