Jeca во 12:19
на тема RE: Трудници, што јадевте денес?
Иако шансите да се забремени од двајца различни мажи се мали, токму тоа се случило со виетнамска мајка. Резултатот од ДНК тестовите е потврден и од генетски асоцијација во Виетнам.
Денес децата имаат 2 години, но уште додека растеле, се забележало дека не си личат, како што е кај повеќето близнаци. Едното од децата имало права коса, а другото кадрава, и бидејќи никој од родителите немал кадрици, таткото почнал да се сомнева во своето татковство.
Од биолошка гледна точка раѓањето на близнаци од двајца татковци не е невозможно. Треба само за време на овулација мајката да одвои две јајце-клетки и ако има секс со двајца различни мажи во рок од една недела, има можност да роди деца во исто време и на двајцата.
Случајот на виетнамката е еден од ретките кои го познава биологијата. Иако не се случува често, минатата година во Њу Џерси исто беше регистриран случај на две момчиња-близнаци кои имаат различни татковци.
Во истата недела, додека била во овулација со две јајца Американката имала секс со двајца различни мажи и точно по 9 месеци роди по еден син и на двајцата.
Кога разбрал за неверството таткото сакале да провери дали е татко на двете момчиња, а се покажало дека само едното е биолошки негово дете.
7
4
4
3
забава Бремените
Автор: bobik
Бременоста е природна работа и треба да се доживее со радост, но и со ...
Каде исчезна мојот сексипил по породувањето?
По породувањето, многу жени се прашуваат кога повторно ќе се чувствува...
Што е менструален циклус и како функционира?
Менструалниот циклус е природен процес во женското тело што го подготв...
Работи кои не треба да ги загрижуваат родилките
Понекогаш луѓето избрзуваат со непромислени коментари. Иако знаејќи ко...
Најважни навики за здрава бременост
Здравата бременост започнува со мали, секојдневни навики. ...