|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Вежбање по триместри. Што е дозволено, а што треба да се избегнува?

Редакција Рингераја, 22.4.2026
Физичката активност во бременоста не само што е безбедна за повеќето жени, туку носи бројни придобивки: подобра циркулација, помалку болки во грбот, подобар сон и полесно породување.

image
Фото:Canva/Физичката активност во бременоста е корисна, но треба да се прилагоди на секоја фаза и на индивидуалната состојба.
/11


Сепак, секој триместар носи различни потреби и ограничувања, па затоа е важно вежбањето да се прилагоди.

 

Прв триместар (0-13 недела)

Телото се прилагодува на хормоналните промени, па енергијата може да варира.

Дозволени се: лесно пешачење, јога за трудници, лесни вежби за истегнување и пливање доколку  нема контраиндикации.

Да се избегнуваат: интензивни тренинзи кои го зголемуваат пулсот, вежби со ризик од пад и вежби кои предизвикуваат прегревање на телото

Слушајте го телото,. Заморот е чест и нормален.

 

Втор триместар (14-27 недела)

Ова е најстабилниот период, кога многу жени се чувствуваат најдобро.

Дозволени се: умерени кардио активности како брзо одење, статичен велосипед и слично, вежби за јакнење со мала тежина, пилатес за трудници и вежби за карлично дно.

Да се избегнуваат: вежби лежечки на грб подолг период, скокови и нагли движења и контактни спортови

Одржувајте умерено темпо.

 

Трет триместар (28-40 недела)

Фокусот е на подготовка за породување и одржување на подвижноста.

Дозволени се: лесно пешачење, вежби за дишење, истегнување и релаксација и вежби со топка за трудници.

Да се избегнуваат: вежби што создаваат притисок на стомакот, долготрајно стоење и активности што предизвикуваат замор или нестабилност

Безбедноста е приоритет.

 

Кога да се прекине со вежбање?

Веднаш прекинете и консултирајте се со лекар ако имате:

  • вртоглавица или несвестица,
  • крварење,
  • болка во градите или стомакот,
  • контракции,
  • отежнато дишење.

 

Општи препораки

  • Консултирајте се со лекар пред започнување со било какви вежби и физички активности.
  • Носете удобна облека и бидете доволно хидрирани.
  • Избегнувајте прегревање на телото.
  • Обратет внимание на редовноста на активностите и вежбањето наместо на интензитетот.

 

Вежбањето во бременоста е сојузник, не ризик кога се прави правилно. Прилагодувањето по триместри овозможува безбедна и ефективна активност.

Наместо да се стремите кон интензитет, фокусирајте се на движење, удобност и континуитет, затоа што активната бременост често води кон полесно закрепнување и подобро чувство по породувањето.

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

10 луди работи што се случуваат во вашето ...
Додека го поминувате својот вообичаен ден, сето ова се случува токму во вас. Кул (и малку чудно), нели?
6
Чести сексуално преносливи инфекции и како...
Полово преносливите болести (ППБ) претставуваат инфекции што се пренесуваат преку сексуален контакт вагинален, орален ил...
4
Кои симптоми во првиот триместар не се нор...
Првиот триместар од бременоста носи бројни промени како мачнини, замор, чувствителни гради и хормонални осцилации.
4
Жените кои раѓаат по 33-та година живеат п...
Жените кои раѓаат подоцна во текот на животот живеат подолго и како резултат на подоцнежната бременост кај нив е забележ...
4




Анкета

„Намаз“.
пеперутка16

Дали верувате во „намаз“ и дали се заштитувате себеси и вашето дете од него? Се прашувам колку ние во Македонија сме оптоварени со намаз, додека во некои делови од светот дури и не знаат што е намаз?