Jeca во 12:19
на тема RE: Трудници, што јадевте денес?
Дали тој важен настан во Вашиот живот нема да Ви го уништи пријателството? Не мислете дека постапува егоистично ако се оддалечува од Вас, туку смислете план како да ги зачувате добрите односи.
Добрата вест
Двете цртички на тестот за бременост Ви носат огромна радост која сакате да ја споделите со целиот свет. Природно е прво да се јавите на гордиот татко а потоа и на најблиската пријателка. Ако таа со години сонува да стане мајка, размислете како да ја известите. Не го правете тоа по телефон, туку направете го лично, за да можете порелаксирано да ги споделите своите чувства и немири. Дајте и време да ја прифати веста. Не ја осудувајте ако не се израдува како што сте претпоставувале. Може дури и да Ве изненади нејзината реакцијаа. Може да се случи да биде до Вас кога одите на гинеколог, кога купуваате облека за бебето, а може и да почне поретко да се дружи со Вас. Не ги прекинувајте контактите со жената која копнее за бебе. На овој начин таа ќе страда и ќе почувствува одбивање. Исто така важно е да не се преправате дека бременоста не постои.
Заеднички интереси
Бременоста не треба да е повод да ги намалите средбите со својата пријателка, напротив. Откако бебето ќе се роди ќе бидете презафатена, затоа искористете го ова време. Излегувајте на прошетки, на кафе или на кино. Избегнувајте постојано да зборувате за бебето. Почесто разговарајте за Вашите заеднички интереси. Запомнете дека светот не се врти само околу Вас. Правете работи во кои и двете ќе уживате.
Бидете заинтересирани за нејзиниот живот исто така. Таа не треба да се чувствува изолирано.
Внимавајте ако...
Ако сепак Вашата пријателка резигнирано ја прима веста за Вашата бременост, тоа нека не Ве разочарува. Некои жени се пречувствителни, па дури и добронамерни зборови може да ги засегнат. Не се обидувајте да и давате совети. Не агитирајте да пие фолна киселина и да не пуши. Бидете сигурна дека таа го знае сето тоа и дека има прочитано многу повеќе од Вас за бременоста и мајчинството. Сигурно дека не треба да ја советувате да го проживее животот и да ужива додека се уште нема дете. Не и ги покажувајте сликичките од ехо-прегледот, освен ако таа не го побара тоа од Вас. Најважно од се е да не се жалите од нејзините постапки на трети лица. Можно е тие зборови да стигнат до неа и тоа многу да ја повреди. Дури и ако не искажува радост, Вашата пријателка се радува што ќе имате бебе. Не ја затворајте вратата на Вашето пријателство, ако во тој момент Ви се заладат односите. Дајте и време. За скоро се' ќе дојде на своето место и повторно ќе бидете блиски.
4
4
3
3
забава Бремените
Автор: bobik
Стресот нема врска со забременувањето
Често може да се слушне тврдењето дека стресот нема никакво влијание в...
Прекрасни трудници насекаде, а јас?
„Бременоста ? го разубави лицето.“, „Сјае“„Кожата ? е совршена.“. А ти...
Први вкусови, големи доживувања
Првите залчиња на бебето се повеќе од оброк. Тие се почеток на едно до...
Бременоста е еден од најспецијалните периоди во животот. Секој ден нос...
Само жената е одговорна за фертилитетот
Кога бременоста не доаѓа веднаш, прстот најчесто се вперува кон жената...