|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?

Здрава храна – паметно дете!

Редакција Рингераја, 4.5.2010
Моќно железо, “Паметни” јаглехидрати, Силата на протеините, Неодминлива Б група!

image
/11


 

Моќно железо

Железото е од витално значење за правилен развој на мозокот. Знаејќи дека резервите од овој минерал во организмот на бебето траат шест месеци, треба да се надомести со соодветна храна. Добри извори на железо се: зелениот листест зеленчук (спанаќ, блитва, коприва) и црвено месо (јунешко и јагнешко).

За да се апсорбира што подобро потребен е витамин Ц (портокал, домат). Многу железо има и во интегралните житарици, сушеното овошје и пилешкиот џигер.

 

“Паметни”  јаглехидрати

Мозокот на бебето не одмора ниту кога бебето спие. Тогаш собраните податоци ги претвора во знаење. За да се развива овој процес без проблеми, на мозокот потребна му е многу енергија. Најдобро гориво за работата на мозокот се јаглехидратите, кои се наоѓаат во житариците, тестенините, овошјето и зеленчукот. Избегнувајте слатки јаглехидрати кои се наоѓаат во слатките и колачите.

 

Силата на протеините

За да се пренесат информациите брзо и ефикасно до мозокот, во исхраната на бебето потребно е да се внесат протеини. Тие се богати со аминокиселини кои содржат неуротрансмитери, без кои размената на информациите меѓу мозочните ќелии е многу намалена. Нашето тело не може да складира протеини, затоа е потребно да се внесуваат преку храна. Затоа во исхраната на детето треба да се воведе боранија, соја, леќа, сите видови месо (освен свинско), бело сирење и јајца и риба.

 

Неодминлива Б група

За бебињата најделотворни се витамините од Б групата. Нив ги има во интегралниот леб, бананите, житариците, гравот, зелениот зеленчук и млекото.

 

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Печурки кои би можеле да го победат ракот!?
Сите знаеме дека печурките се хранливи и дека немаат многу калории, но новите истражувања покажуваат дека меѓу нив посто...
4
Да се биде мајка – што значи тоа?
До неодамна беше сосема чудно да се замисли семејство без деца. Порано, таквото семејство се сметаше за неисполнето. Как...
3
Ѕвезда на бебе календар за 2022 година - ЈУЛИ
Во оваа тивка ноќ, нека свети силно на небото нашата единствена јулска ѕвезда
3
Исчистете го телото по празниците
Празниците се зад нас, а спомените на нив остануваат – два, три килограми повеќе, тешкотии во варењето, нечиста кожа. Ка...
3




Анкета

Ime za masko bebe
sandra_

Dali bi sakale da mi pomognete da go izberam imeto na moeto bebence..

Aleksej (27%)

Teodor (14%)

Damjan (26%)

Matej (32%)


Број на сите гласови: 464

Фала на гласовите. Гласавте веќе на сите актуелни анкети. Можеш да направиш своја анкета!