Gorde86 во 22:14
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
Новородените бебиња плачат многу често и плачот не е испровоциран задолжително од нешто лошо. Тоа е начин бебето да изрази желба или потреба од нешто. Но сепак, кога бебето плаче, мајката сака да стори сé за да го смири. Нема ништо потажно за една мајка од неутешниот плач на нејзиното бебе
Понекогаш е многу тешко да ги смириме бебето кое плаче. Ако сте се обиделе со секакви методи, но безуспешно, пробајте некој од следниве. Можеби ќе помогнат
Масирање на зоната на челото меѓу очите
Сосема нежно со прстот можете да направите масажа во зоната на челото на бебето, токму меѓу очите. Правете ја оваа нежна масажа додека бебето не престане да плаче. Не е познато зошто, но овој метод е многу ефикасен.
Преместување во темна соба
Обидете се да го лулате бебето во раце сосема малку, пеејќи му или зборувајќи му, како и обично, но постепено преминете во просторија со слабо светло. Намалувањето на светлината автоматски го тера детето да се смири и да заспие.
Ритмичко тапкање
Галењето по грпчето и ритмичкото тапкање делуваат смирувачки на нервниот систем.
Разладена преварена вода
Ако бебето плаче заради колики, држете до неговиот кревет шишенце со разладена преварена вода. Давајте му да пие по малку и ќе се смири. Преварената вода делува многу релаксирачки на стомачето на бебето.
Мирисот на мама
Бебињата многу се потпираат на познати мириси, бидејќи останатите сетила не им се доволно развиени. Бебето инстиктивно учи да го препознава мирисот на сопствената мајка, па затоа и често се смирува во нејзино присуство.
Оставете парче ткаенина или ваша облека во креветчето на бебето, за да може полесно да се смирува кога ве нема. Така ќе бидете со него во текот на целата ноќ и тоа ќе спие мирно.
Тупкање со топка
Чуден метод, но кај некои бебиња делува. Додека бебето плаче од грчеви во стомачето или заради некоја друга причина, земете го во едната рака, а со другата тупкајте топка.
Рамномерното и постојано тропање од топката му помага на бебето да го одвлече вниманието од она што го мачи. Истовремено со оваа вежба изговарајте го приспивниот звук "шшш ...".
me_mother_of_three во 13:31
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
me_mother_of_three во 13:30
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
забава Бремените
Автор: bobik
Што значи балансирана исхрана?
Покрај мноштвото совети за здрав живот, балансираната исхрана е тема н...
Мали ритуали без кои ништо не ќе биде исто
Многу луѓе не ги оставаат овие навики дома, дури ни кога се на одмор....
Музика за бебето уште пред да се роди – мит или наука?
Многу идни родители пуштаат музика на нивниот стомак, верувајќи дека б...
Кога бебињата почнуваат да паметат лица и предмети?
Од првиот момент кога ќе ве погледне, ви се чини дека вашето бебе веќе...
Што е посмешно да работиш во Македонија?
Млад, забавен, паметен...се само дел од епитетите кои го опишуваат сте...
Независност.
Admin
Дали вашите деца се донекаде независни или сè уште ги храните и ги успивате? Мислам на деца од 2,5 години и нагоре.