Gorde86 во 22:14
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
Ладно море
Капењето во море не влијае на производството на млеко, тоа исклучиво зависи од количината која Вашето дете може да ја изеде.
Пливање
Доколку сте мајка и професионален пливач, во текот на одморот зголемете ги оброците за да не Ви запре лактацијата. Пред да влезете во море надојте го бебето бидејќи по интензивното вежбање млекото може да добие соленкаст вкус, што на Вашето малечко можеби нема да му се допадне. Доколку само се капите во морето, се' останува по старо.
Базен
Базенската вода има малку хлор. Откако ќе излезете од базен, измијте ги градите со слатка вода. Направете го тоа за да бидете сигурни дека бебето нема да дојде во контакт со хлор. Освен тоа хлорот ја суши кожата, па тоа може лошо да влијае на Вашите брадавици. Доколку планирате да се капите во базен, носете крем со ланолин , со кој ќе се мачкате секоја вечер.
Пресоблекување
По пливање облечете сув горен дел од купачите. Синтетичките материјали долго се одржуваат влажни, што влијае на развој на соор. Оваа гливична инфекција може да се пренесе на целата дојка, а и на бебешката уста.
Крем за сончање
Кремовите за сончање и самопотемнување слабо се апсорбираат во крвотокот, па така и во млекото. Затоа од нив нема опасност за доење. При нанесување водете сметка да не се мачкате во деловите на дојката кои доаѓаат во допир со устата на бебето.
Почесто доење
Додека сте на одмор понудете му на бебето почесто да јаде отколку дома. На бебињата мајчиното млеко им е и вода и храна и незаменлива утеха. Кога ќе го смените опкружувањето некои бебиња веднаш ќе се навикнат на новонастанатата ситуација, додека некои ќе бидат збунети. Кога бебето е нервозно, најлесно се смирува со доење.
8
6
4
4
me_mother_of_three во 13:31
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
me_mother_of_three во 13:30
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
забава Бремените
Автор: bobik
Што е анксиозност во бременост?
Анксиозноста во бременост е состојба на зголемена грижа, напнатост и с...
Како функционира ин витро оплодувањето?
Ин витро оплодувањето (IVF - in vitro fertilization) е асистирана репр...
Што е ПАП тест и зошто е толку важен?
ПАП тестот е едноставен, брз и безболен гинеколошки преглед кој има ог...
Дали ултразвукот е безбеден за бременоста?
Ултразвукот (ехо преглед) се смета за безбеден за време на бременоста ...
Кога е потребно индуцирано породување?
Индуцираното породување е медицинска постапка со која лекарите го потт...