Jeca во 12:26
на тема RE: Работа од дома
Децата од домот „11. Октомври“, како и другите дечиња тргнаа на училиште на 1. Септември 2010, но за жал без соодветен училишен прибор. До тимот на Рингераја пристигна информација дека дечињата добиле донација на ранчиња за училиште, но не можат да ги наполнат со тетратки, моливи, острилки, боички и блокчиња, бидејќи немаат. Со цел да ја задоволиме потребата на дечињата Рингераја семејството започна нова хуманитарна акција, за обезбедување на училишен прибор потребен за учебната 2010/2011 година за децата од домот „11. Октомври“.
Акцијата започна на 20. Септември 2010 преку поставување на соодветна тема на Рингераја: АКЦИЈА: Училишен прибор за секое дете од домот "11 Октомври". Веднаш почна организација на хуманитарни Рингераја дружења, кои се реализираа во Скопје и Прилеп. Освен Рингераја корисниците од цела Македонија, на помош се приклучија и нашите соработници и партнери: Анаконда, Саносан, Би-МЕК (Cryo Save), Уметност на живеење, Office Plus, А.Д. Печатница „11. Октомври“ Прилеп, „О.У. Климент Охридски“ – Драчево и Книжара Екос – Тетово.

Благодарение на сите кои несебично се вклучија во акцијата се обезбеди доволна количина на училишен прибор составена од:
-Тетратки мали и големи со линии, коцки и без линии
- Блок за скицирање, блок IV, блок V
- Шестар
- Острилки, моливи и гуми
- Комплет лењири
- Лепило охо и селотејп
- Темперни бои, водени бои, четки за боење, дрвени боички и фломастери
- Колаж хартија и ножички
Дојде и моментот на средбата со дечињата и доставувањето на училишниот прибор. На 1. Октомври 2010 со насмевка и топлина не пречекаа дечињата од домот „11. Октомври“. Ни раскажаа за нивните досегашни оценки и моменти поминати на училиште, ни ветија дека ќе се потрудат да бидат умни дечиња и да носат само петки од училиште, направивме неколку фотографии, се радувавме заедно покрај училишниот прибор и се поздравивме со многу прегратки и желба за повторно скоро видување.
Рингераја тимот искрено се заблагодарува до сите кои се вклучија и помогнаа во акцијата, а воедно испраќа благодарност и до домот „11. Октомври“ кој на целото Рингераја семејство им даде можност да бидат хумани и да се чувствуваат убаво при реализација на оваа акција. Уште еднаш покажавме дека сме моќна заедница, која заедно може многу да направи.
Рингераја им посакува среќна учебна година на дечињата од домот „11. Октомври“!
4
3
3
забава Бремените
Автор: bobik
Зошто диетите не функционираат долгорочно?
Многу луѓе се обидуваат со различни диети за да изгубат тежина, но гол...
Препорачани вежби во вода за трудници
Вежбањето во вода е одличен избор за време на бременоста. ...
Дали е можна бременост по вазектомија?
Многу парови се прашуваат дали бременост е можно по процедурата познат...
Еднодневно мени за трудници богато со магнезиум
За време на бременоста, правилната исхрана е особено важна. ...
Први протеински намирници во дохраната: како и кога?
Воведувањето на протеините во исхраната на бебето е важен чекор во нег...
Секс.
пеперутка16
После сексот со сопругот, ти?