vfta во 10:14
на тема Вегански алтернативи
Постојат неколку златни правила на кои ќе ве упати секој познавач на италијанската кујна, кога е подготовката на тестенини во прашање. Една од нив е никако да не ставате масло во водата во која се варат тестенините.
Тестенините најчесто ги одбираме како и секој друг производ, според сопствениот џеб. Но не е секоја ефтина тестенина иста. Постојат тестенини од јајца и сушени тестенини од брашно и вода кои се потврди. Тестенините со јајца се погодни за сосови со месо, павлака и печурки. Ако правите тестенини со доматен сос, тогаш ви требаат тестенини од брашно и вода.
Сите правиме грешки во начинот на варење на тестенините. Веројатно имате некој кој ви кажал да ставите масло во водата во која се варат тестенините, за да не се лепат. Ова е една од најголемите грешки. Во текот на варењето маслото ќе се залепи за тестенините, а тоа понатаму ќе спречи сосот да се измеша убаво со тестенините. За да го спречите лепењето, тенџерето во кое ги варите тестенините нека биде длабоко, за да имаат простор да се движат. Италијанско правило е 1 литар вода на 100 гр. тестенини. Обавезно промешајте 1-2 пати и никако не ставајте капак во текот на варењето.
Во водата треба да додадете доста сол. Тестенините сами по себе се доста несолени, а најдобар начин рамномерно да посолите е да додадете сол во варењето. Правилно е 7 грама сол на 100 грама тестенини.
Тестенините додадете ги кога водата ќе почне да врие. Никогаш немојте да ги кршите шпагетите. Ставете ги во водата, а тие постепено ќе се спуштат.
Внимавајте да не ги преварите тестенините. Тестенините би требало да ги сварите “al dente”. Како да знаете дали е доволно сварена? Земете парче тестенина и скинете го. Доколку во средината се гледа потемно тесто, сварена е.
Исцедените тестенини никогаш не ги мијте со ладна вода. Водата во која се вареле тестенините содржи скроб и го подобрува вкусот. Исцедете ги тестенините и измешајте ги со сосот. Откако се сварени тестенините, можете да додадете масло.
4
4
3
3
забава Бремените
Автор: bobik
Зошто е важно да влезете во бременоста со здрава тежина
Тежината пред бременоста може да влијае врз плодноста, текот на бремен...
Новороденчињата поминуваат голем дел од денот во сон, но нивниот ритам...
Преминот од пелени кон нокшир е важен чекор во развојот на детето. ...
Причини за вагинална сувост во бременоста
Бременоста носи бројни хормонални промени што влијаат врз целото тело,...
Природни начини за ублажување на настинка и грип
Топлите напивки, одморот и доволниот внес на течности можат да помогна...