|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?

Трикови за полесно породување

Редакција Рингераја, 6.2.2022
Се одлучивте за природно породување, но се плашите? Нема потреба, постојат некои насоки и трикови, кои можат да ви помогнат да обезбедите полесно породување

image
/11


 

Урми

Истражувањето објавено во списанието за гинекологија и акушерство (Journal of Obstetrics and Gynaecology) покажа дека жените, кои во текот на бременоста јаделе урми, веројатно ќе имаат многу полесно породување од оние кои не јаделе. Нема да им бидат потребни лекови, а повеќето од нив ќе бидат подобро отворени пред породување и ќе се породат во просек за 7 часа порано.  Во нормална бременост, се препорачува да се консумираат по шест урми дневно.

 

Вежбање и јакнење на нозете

За секоја трудница и за полесно породување важни се вежбите, за трудницата да биде физички подготвена. Жените кои вежбале пред и во текот на бременоста, обично имаат пократко породување. Со вежбањето ја зголемувате издржливоста и полесно ќе го поднесете породувањето. Шетајте, пливајте или посетувајте часови за трудници (секако, по претходна консултација со гинеколог).

Во вежбите е важно јакнењето на нозете. Би требало да стоите, бидејќи така ќе го забрзате доаѓањето на бебето кога ќе започнат вистинските контракции. Затоа ви требаат јаки нозе. Пешачењето е најважно за јакнење на физичката подготвеност и побрзо породување.

 

Часови

Посетувајте посебни часови за трудници каде ве запознаваат со породувањето, но и со моментот кога ќе дојде бебето на свет. Многу трудници велат дека тоа им го олеснало породувањето.

 

Повеќе сон

Треба да спиете задолжително повеќе од  7 часа, посебно во последниот месец од бременоста, бидејќи жените кои помалку спиеле, по статистичките податоци, имале подолго породување.  Нека ви биде удобно, имајте до себе мека перница, пуштете музика и уживајте.

 

Лежечка положба и дишење

Ако имате предпородилни контракции, тогаш е подобро да се движите, бидејќи гравитацијата ќе работи во ваша корист. Можете да стоите и да се движите.

Една од поважните работи е правилно дишење. Тоа може да ви помогне да се фокусирате, помалку да мислите на болката и да внесувате повеќе кислород.

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Зголемен ризик од бубрежни камења во лето ...
Кога мислиме на лето, обично ни паѓаат на ум одмор, сонце и разладување со освежителни пијалаци, едноставно време за ужи...
11
Ми велеа да абортирам: Исповед на една тин...
Бремената тинејџерка отворено раскажа какви коментари слушнала за време на бременоста
5
Табела на раст на плодот по недели
Колкава е должината и тежината на плодот во секоја од 40-те недели од бременоста? Проверете како плодот расте во мајчина...
4
Воспаление на гингивата (непцата) во текот...
Воспалението на гингивата претставува еден од најчестите стоматолошки проблеми во текот на бременоста.
4




Анкета

Гушкајте ги бебињата.
пеперутка16

Дали вашите бебиња (6-12 месеци) сакаат да бидат гушкани? Моето дури и не слуша, само ме турка, се качува на мене, влече,... дури и не сака да биде носена, само гледа да избега. Ми е тоа навистина чудно.. Какви се вашите?