|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Три најголеми заблуди за настинката

Редакција Рингераја, 5.1.2012
Прекумерно затоплување, избегнување на прошетки по ладно време, избегнување на сладолед и ладни пијалоци, паничен страв од промаја... Дали се ова митови, или најдобар начин за заштита од настинка?

image
/11


 

 

Ретко кој ќе ја истурка зимата без настинка и вирусни инфекции на горните дишни патишта. Таа започнува со болка во грлото, по што се јавува досадното течење на носот, кивавица, кашлица, омалаксаност и главоболка, а понекогаш и покачена температура.

Настинката обично трае од 5 – 7 дена, а во поретки случаи кај децата може да се прошири инфекција на синусите и ушите.

Во ред, ова се некои факти за настинката, кои веројатно сите ги знаеме. Сепак, кај нашиот народ се присутни бројни заблуди во врска со настинката. На пример, родителите често ги малтретираат децата, терајќи ги повеќе да се облекуваат, да не шетаат по ладното време и да не пијат ладни пијалоци, плашејќи се од настинка.

 

Што е вистина?

Прва заблуда – во зима се настинува затоа што е ладно

Една од почестите заблуди е дека настинката се јавува исклучиво во зима и дека ја предизвикува ладното време. Секако, апсолутно е точно дека настинките многу почесто се јавуваат во зима, отколку во другите годишни времиња, но надворешната температура нема директна врска со тоа!

 

Во зима луѓето многу поголемо време поминуваат во затворени простории, многу повеќе се ориентирани едни на други и така поинтензивно меѓусебно разменуваат микроорганизми.

 

Освен тоа, во зима воздухот е по сув, посебно во просториите каде се затоплува, а докажано е дека вирусите се шират во такви услови. Во ред, ќе кажете, но и во летно време воздухот е сув, што исто така е добро за ширење на вирусите. Настинките се многу поретки во лето, бидејќи луѓето престојуваат на отворен простор и редовно ги проветруваат просториите каде седат. Со тоа значително се намалува можноста за пренесување на вируси. Кога ќе кивне, човекот пренесува облак на микроорганизми во опкружувањето. Затоа треба да се престојува во проветрени простории.

 

Втора заблуда - Сладоледот и ладните пијалоци предизвикуваат настинка

Сладоледот и ладните пијалоци често се обвинуваат за предизвикување на настинка. Точно е дека нивното консумирање може да доведе до чувство на нелагодност, гребење и некој вид на блага болка во грлото. Тоа е последица на стеснување на крвните садови, под дејство на студ и тоа не е настинка!

 

Сладоледот и ладните пијалоци не предизвикуваат настинка. Инфекции предизвикуваат само вирусите и бактериите!

 

Трета заблуда – промаја

Промајата е феномен кој кај нашиот народ се обвинува за многу болести, а најмногу за настинка. Факт е дека промајата, која предизвикува струење на воздухот, теоретски може да ја зголеми сувоста на слузокожата на горните дишни патишта. Тоа значи дека ако подолго време сте изложени на промаја можат да се создадат услови кои им одат во прилог на вирусните инфекции.

Меѓутоа, промајата овозможува и размена на воздухот во затворените простории, што автоматски ја намалува концентрацијата на вирусите и можноста за зараза.

 

Кога е настинката во прашање, користа од промаја е многу поголема од евентуалната штета!

 

Превенција и лечење на настинка

Прекумерното затоплување, избегнувањето на прошетки на отворено, не пиењето на ладни пијалоци и паничниот страв од промаја, не се превенција против настинка.

Во смисла на превенција, најважно е да се избегнува контакт со лица кои имаат симптоми на инфекција, како и престојување во иста просторија со повеќе луѓе. Исто така, бидејќи компликациите од настинката или грипот се јавуваат кај секое честврто дете, се препорачува вакцинација на децата постари од шест месеци.

Лечењето на настинка подразбира мирување и внесување на течности (чаеви), лекови за намалување на температурата и главоболката. Навиката на нашиот народ за самостојно лечење на настинката со антибиотици е исклучително погрешна!

 

 

 

Настинката е предизвикана од вириси на кои не делуваат антибиотици!

 

Антибиотици се даваат само во случај на бактериска инфекција, а за тоа донесува одлука исклучиво доктор. самостојното земање на лекови доведува до глобална закана за човештвото, бидејќи со нивната непотребна примена се создаваат нови видови на миктоорганизми т.н. супербактерии, отпорни на антибиотици.

 

Шест совети за правилна примена на антибиотици

Кои се најповолни услови за ширење на грип?

Група на истражувачи од Медицинското училиште Mount Sinai во Њујорк, во експерименти на заморчиња откриле дека ниската влажност на воздухот и температура од околу 5 степени поттикнуваат зараза со грип. Резултатите на истражувањата се поклопуваат со заклучокот дека грипот на северната земјина полутопка се јавува меѓу ноември и март, а на јужната меѓу мај и септември.

Истражувачите набљудувале здрави и заразени заморчиња во простории со различна клима. При висока влажност на воздухот (над 80 %), вирусот воопшто не се пренесувал. Од друга страна, при температура од околу 5 степени, стапката на зараза била значително повисока отколку на 20 степени.

на температура од околу 30 степени, пренесувањето на заразата запирало. Заклучокот е дека релативно ниските температури и сувиот воздух поттикнуваат ширење на грип.

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Зошто се` завршува во бебешката уста?
Дали Вашето бебе има ставено се во уста – обувки, џемпери, играчки и се што ќе му падне в рака? Опуштете се и сфатете – ...
4
20 идеи за декорација на торта за крштевка
Разубавете го најубавиот ден со најубава торта
4
Evy Baby - нови бебешки пелени!
Со комбинација од искуството и најновата технологија за среќни бебиња и мамички, Evyap ги вклопи сите карактеристики што...
3
Мајчиното млеко и предвреме родено бебе
Докосахексеноичната киселина (DHA) – омега3 –масна киселина која се наоѓа во мајчиното млеко е од суштинско значење за ...
3




Анкета

Што да дознаете.
пеперутка16

Кога би носеле тројки, што би направиле?