vfta во 10:14
на тема Вегански алтернативи
Ти нема да се сеќаваш сине на онаа ноќ кога лежев сама во болницата во најстрашните, а воедно и најпрекрасните болки, кога гледав во месечината и тивко шепотев “Ние го можеме ова”.
Ти нема да се сеќаваш на тоа како ме погледна, само неколку секунди откако дојде на овој свет, како ни на мене кога те привлеков до своето срце и ти шепнав “Здраво душо”.
Ти нема да се сеќаваш како го излечи мојот скршен дух, како со волшебно стапче. Како го залечи моето срце. Како го исполни мојот живот. Бев толку многу изгубена пред да дојдеш ти, а ти повторно ме состави.
Ти нема да се сеќаваш како гордо те носев секаде каде што одевме. Мене секогаш ми беше најубав дечко во просторијата. Секогаш и секаде.
Ти нема да се сеќаваш колку многу се смеев на твоите бебешки глупости. За ништо друго на светот не сум се смеела така. Уште кога беше бебе, видов колку прекрасно срце имаш.
Ти нема да се сеќаваш како ти ја чешлав косата и како ти ја тргав од челото. Тогаш ме гледаше со твоите убави очиња, а нашите души се допираа и си кажуваа нешта кои со зборови не можат да се искажат.
Ти нема да се сеќаваш на бескрајното скокоткање кое ти го сакаше најмногу и како после играта го прекривав твоето лице со бакнежи.
Ти нема да се сеќаваш на сите оние ноќи кога одев на спиење и чувствував бескраен страв заради тоа што сум мајка. Дали сум доволно добра? Дали нешто погрешив? Дали сум во состојба да ти бидам достојна мајка, каква што ти е потребна, каква што заслужуваш?
Ти нема да се сеќаваш како ми трепереше срцето секогаш кога требаше да поминеш некоја фаза. Никогаш не сум сонувала дека човек толку може да се радува на туѓата среќа.
Ти нема да се сеќаваш како ги држев твоите малечки стапала во раце и замислував како еден ден ќе пораснат, ќе станат поголеми од моите и како ќе морам да ги пуштам да си одат...
Ти нема да се сеќаваш, ама јас да...ќе ги чувам тие спомени во срцето за нас двајцата...
4
4
3
3
забава Бремените
Автор: bobik
Аномалиите на матката се структурни или вродени промени во формата и г...
Што е нарушување на овулацијата?
Овулацијата е моментот кога јајникот ослободува зрела јајце клетка. ...
Како да изберете пренатален витамин?
Изборот на пренатален витамин може да изгледа едноставно, но полиците ...
Каква улога има возраста при неплодност кај мажите?
Кога се зборува за плодноста, возраста најчесто се поврзува со жените....
Што значи да имате непроодни јајцеводи?
Кога се зборува за неплодност, еден од поимите со кои може да се сретн...