|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Тања: Мојата породилна приказна

Редакција Рингераја, 19.7.2010
Моментот кога јас се претворив во „ние“ .

image
/11


Моментот кој го очекувате цели девет месеци, а едвај чекате да помине. Моментот за кој живеете и мечтаете цел живот, а кога ќе дојде - умирате од страв. Единствениот момент во кој сите болки, солзи, стравови и трепети ви ја носат најголемата среќа во животот.

ВАШИОТ момент на породување!

 

Детали

Ник: Тања

Датум на породување: 16. Декември 2009 година 

Тип на породување: Природно 

Породување во болница: ГАК

 

 

 

Беше студен 16 декември. На работа беше лудница заради свинскиот грип, а јас се гушев зад маска обидувајќи да се заштитам од постојаното кашлање на пациентите. Некаде околу пладне почувствував болки во половината но бидејќи бев во 31 недела од бременоста воопшто не се посомневав. „Некоја бубрежна инфекција“ – помислив загрижено.

Останав на работа до 16:30 а од таму наместо дома поминав на трансфузиологија каде една пријателка беше дежурна.  Побарав да ми направи анализа на урината. Рече дека имам зголемено присуство на протеини и ме советува да си купам чај од брусница. Сеуште седев со неа кога ја почувствував првата контрација но заради околностите и заради мојата неискусност помислив дека ми се повторува бубрежната колика од лани. Наредната контракција ме најде во аптека додека бирав препарат од брусница. Конечно, се прибрав дома. Сопругот готвеше макарони а моите родители наминале попатно. Седнав да ручам и онака на шега реков: „Луѓе јас ќе се пораѓам“ но бев пречекана со едногласен коментар да не зборувам глупости.  Ручавме, се напивме кафе и моите заминаа. Му предложив на сопругот да одиме на гинекологија да ме прегледаат, да не има некаков проблем. Излеговме од дома потполно неподготвени, не ни сонувавме дека ќе се вратиме дури по три дена но без бебето на кое толку му се радувавме и го очекувавме.

На гинеколошкото одделение пристигнавме во 19 ч. Не прими дежурниот доктор. Неговите зборови по прегледот беа: „Жено, ти ќе се пораѓаш по пат“. На момент ништо не ми беше јасно.

„По кој пат докторе?!?“

„По патот за Скопје.“

Ми објасни дека сум отворена 7 сантиметри но дека детето има поголеми шанси да преживее доколку се роди на ГАК во Скопје.

Наредниот час и половина се разочарав во целокупниот здравствен систем во државата. Иако ми беше речено дека можно е да не издржам 2 часа од моментот кога го повикаа амбулантното возило со кое требаше да ме транспортираат до моментот кога тргнавме поминаа час и 15 минути.  Возилото беше неосветлено, прозорецот се отвараше при тресењето а парното не работеше иако надвор беше -10 степени. Сопругот го соблече палтото за да ме покрие и по целиот пат го затвараше прозорецот .Згора на се со нас пуштија само една сестра која мораше во темница да ми ја менува инфузијата додека мм и светеше со мобилниот. Катастрофа!!! Што ли ќе се случеше ако детето решеше да излегува.

Бев свесна дека мојата емоционална состојба игра огромна улога во исходот па се обидував по цел пат да останам позитивна, дури и се шегував на моја сметка. Си правев филмови како се гушкаме со моето дете и како се ќе биде добро.

Некако стигнавме во Скопје. Кога таму ме прегледаа рекоа дека сум комплетно отворена но водењакот не беше пукнат. Ме сместија на бокс и ме оставија. Контракциите се зачестуваа. На крај персоналот почнаа да се подготвува за породување. Донесоа инкубатор, дојде педијатар, анестезиолог, гинеколог... и во 23:45 ми го пукнаа водењакот. На наредната контракција ми рекоа да напнам, па уште еднаш и....„Браво“ викна сестрата. Беше готово а јас не бев ни свесна за тоа. Не ја почувствував болката, не почувствував ниту дека ме сечеле, не испуштив ни глас, единствено чекав да слушнам детски плач. Чекав а секундите ми се причинија долги како години. „Зошто не плаче“ – викнав во паника и истиот момент слушнав тивко, тивко едвај чујно цивкање. „Мајка, зарем очекуваш да вришти како дете од 4 килограми, па твоето бебе нема толку сила“- ми се развика сестрата. Неколку минути го слушав тоа гласче кое ми се пристори најубавата музика која некогаш сум ја слушнала кога една од сестрите предложи „Да го покажеме на мајката“.

Ми ја подадоа од далеку. Колку беше мала. Го свртев погледот од неа затоа што премногу ме болеше таа глетка и почнав да плачам.  Ја сместија во инкубаторот и ја однесоа.  Речиси почувствував олеснување кога ми рекоа дека сега ќе добијам општа анестезија. Мислев дека ќе побегнам на момент од реалноста но таа беше тука, ме чекаше и по половина час кога се освестив. Почувствував дека се будам но цврсто ги држев очите затворени, знаев дека штом ги отворам ќе се соочам со вистината, а таа беше дека ме чекаат денови  на неизвесност и неподнослива болка и исчекување.

Така и би, но на крај чекањето се исплати.  Денес, додека го гушкам најубавото девојченце на планетата, сето горе напишано ми изгледа толку нестварно и далечно.

 

Рингераја и посакува среќно детство на Јана!

 

Сакате да ни ја испратите вашата приказна од породувањето?

Прочитајте како во статијата Породилни приказни.

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Срцева акција
Срцето вообичаено чука околу 113 пати во минута.
4
Болки – знак дека треба да го сослушате св...
Болката е непријатно чувство и една од најчестите симптоми на болест. Преку неа нашето тело не предупредува дека нешто н...
4
miana: Мојата породилна приказна
Моментот кога јас се претворив во “ние”
4
mamicka77: Мојата породилна приказна
Моментот кога јас се претворив во “ние”
4




Анкета

Што да дознаете.
пеперутка16

Кога би носеле тројки, што би направиле?