|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Сте се чувствувале како најлоша мајка на светот?

Rachel Martin, 21.2.2014
Утрово и напишав порака на мојата пријателка дека се чувствувам како најлоша мајка на светот. Буквално. Зборовите ми излетаа откако солзите ми се појавија на очи, што ме натера да ја пратам пораката преку огромната бездна Фејсбук во сајбер просторот

image
/11


 

 

Го почувствував тоа вчера на пат кон дома, по 5-дневното службено патување. Откако авионот го напушти аеродромот во Денвер, бев преблагодарна што светлата се затемнија за полетување.

Не сакав другите да ги видат моите солзи. Во овие пет дена го изгубив она чувство пред да тргнам на службено патување, дека ова го правам за моите деца. Јас само почнав да ја споредувам својата хипотетичка приказна за совршено мајчинство, со она што навистина го бара животот од нас мајките. Тоа е приказна полна со смеа, виножита, подароци, совршени утра, мајка која секогаш е дома, која секогаш внимава појадокот да биде навреме. Но мојот живот не е таков. Мојот живот е полн со разбудување пред да изгрее сонцето, со излегување од дома рано наутро и патување до работа, со состаноци и конференциски ручеци и чувство дека сум најлоша мајка на светот. Иако најчесто пишувам за тоа колку е прекрасно мајчинството, колку е неверојатен секој нов ден...вчера и денес се фатив во стапицата на чувството на најлоша мајка на светот.

Го мразам тоа чувство.

Може ли сите мајки кои го имале ова чувство да кренат рака и да се согласат со мене?

Бидејќи вистината е дека сите сме го имале тој момент. Понекогаш ќе биде за големи грешки, а понекогаш и за причини кои не можеме да ги идентификуваме. Мајчинството, иако е преполно со прекрасни и неверојатни моменти, исто така е преполно со паѓања, конфузија и моменти во кои чувствуваме дека не сме скроени доволно добро за да го отпатуваме ова.

Знаете што? Ние сакаме да се чувствуваме постојано благословени што имаме деца. Сакаме да бидеме присутни. Но понекогаш, понекогаш, животот не прави да бидеме толку многу зафатени и да извршуваме комплицирани работи, што чувствуваме дека сме неуспешни како мајки.  Но нема да бидеме неуспешни додека се обидуваме. Нема да бидеме неуспешни додека се бориме! Нема да бидеме неуспешни додека и праќаме пораки на пријателката дека се чувствуваме како најлоши мајки на светот.

 

Тоа не е неуспешна мајка.

Неуспех е ако во утринските часови се разбудиме рамнодушни и без волја.

Но ти не си тоа. Ти стана од креветот и го читаш ова. Размислуваш за овие чувства. Плачеш кога по петдневното патување детето ќе ти се фрли во прегратка и ќе ти рече “Мамо те сакам.” И тоа не е заради играчката која му ја донесе. Тоа е заради тоа што те гледа тебе.

 

1

 

Тој само ме сака. Мене – неговата мајка.

Нековата мајка која заборавила да ги види малите нешта во кои е толку едноставно да се биде мајка.

 

Понекогаш ни е многу тешко со нас самите.  Чекајте. Понекогаш ми е толку тешко сама со себе. Ако почнам да гледам наназда во своето мајчинство ќе бидам повторно фатена во чувството дека можев да направам повеќе како мајка. А понекогаш и мајчинството боли.  Боли кога  децата ќе пораснат и не сакаат да бидат околу вас толку многу. Знам. Но знаете што? Тоа не ја менува вашата љубов кон нив, ниту нивната љубов кон вас. Тоа е само патување, фаза, дел од приказната. Ќе се случи и да порасне и да го напушти домот.

Тие работи не ве прават најлоша мајка на светот. Тоа е само чувство. Расипано чувство кое може да те стави во аголот од собата, додека солзите ти се слеваат низ лицето.

Слатка мајко. Ти мајко која се бориш. Мајко со несовршена приказна. Ти не си најлоша мајка на светот!

Ти си само реална мајка.

Како мене.

 

Па ајде да бидеме реални. Ајде да се охрабриме едни со други и да одговориме на нашите телефони, кога ни се јавува пријателката и ни вели дека се чувствува ужасно. Ајде да не ги минимизираме емоциите. Понекогаш емоцијата е само емоција. Ајде да погледнеме подалеку од сето тоа  да ѕирнеме во срцето на пријателката, мајката и да го сфатиме тоа чувство.

 

Моите деца ме сакаат. Вашите деца ве сакаат.

Мене, вас, несовршената мајка. Мајката која им купува сендвичи и Кока-Кола. Мајката која им дозволува да носат чорапи кои не се во пар, мајката која треба да патува и да им каже збогум на три дена. Мајката која едвај чека да се врати и да слушне “Те сакам мамичке”. Мајката која се бори за своите деца. Мајката која купува по два пакети  бонбони одеднаш. Мајка која го губи трпението, за потоа да се извинува.

 

Мене, вас, несовршената мајка, која понекогаш се чувствува како најлоша мајка на светот.

Го пишувам ова за вас исто така. Вие не сте сами.

И сигурно не сте најлошата мајка на светот.

И нема ни да бидете, се додека го имате тоа чувство.

Гледајте ги убавите работи. Концентрирајте се на малите работи.

 

На моментите како цело попладне со вашите деца. Додека седите пред таблата и боите. Или додека им правите ручек. Додека им помагате да ја научат таблицата по множење.  Додека учите одземање. Додека миете садови. Сите тие мали, нормални мајчински работи се давање на себеси, исполнување како мајка. Сите ние ги имаме тие моменти. Моменти на храброст, победа и љубов.

 

2

 

Секогаш движете се во средината.

На оние мајки кои се чувствуваат како најлоши мајки на светот, ќе им кажам – НЕ СТЕ!

Вие сте вистински, несовршени, прекрасни!

Не најлоши мајки!

Реални мајки, кои ги поттурнуваат границите на возможното, мајки кои се борат.

Исти како мене.

 

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Игри за поттик на интелегенцијата кај децата
Општо познато е дека периодот од раѓањето до седмата година е период на најинтензивен раст и развој на детето, како во ф...
4
16 работи кои не треба да ги кажуваме на д...
Некои од фразите - позитивни или повеќе негативни, кои ги користите во воспитувањето на своите деца, можат да имаат долг...
4
Кои родителски совети им штетат на децата?
Секогаш добро размислете што му велите на своите деца и не дозволувајте да правите компромиси со тоа. Држете се до висти...
4
Мир со свекрвата?
Има снаи кои ја сакаат свекрвата речиси колку сопствената мајка (дури и повеќе!). За жал, ова е исклучок. Обично односит...
4




Анкета

Бременост.
пеперутка16

Кој дел од бременоста најмногу ви се допадна или најлесно?