vfta во 10:14
на тема Вегански алтернативи
Тешко ќе го одбиете своето дете кога ќе побара уште еден, којзнае кој по ред сладолед. Изборот е огромен, од овошни до чоколадни, од т.н. водени до млечни на стапче или во корнет, домашни или фабрички произведени сладоледи. Сепак, видот и количината на сладолед треба да зависат од конституцијата на детето и неговите активности.
На подебелите деца не треба да им се дава сладолед секојдневно туку секој втор или трет ден, а активно и нормално ухрането дете може да јаде сладолед секој ден. Најдобар е сладолед од јогурт со свежо овошје и минимална количина на шеќер.
Сладоледот треба да се јаде полека, детето не би требало да го голта, бидејќи на тој начин доаѓа до нагла промена на температурата во желудникот што може да предизвика акутен гастритис или пролив.
И во стоматолошките кругови сладоледот не е повеќе на оптуженичка клупа. Имено, за да се развие кариес неопходно е храната која е богата со шеќери што подолго да се задржува на површината за забите. Плунката лесно го мие сладоледот така што тој помалку предизвикува кариес отколку јаболкото обичниот леб или лепливите бонбони на пример. Секако, тоа не подразбира да се внесува без престан, бидејќи во спротивно има неповолно дејство како и соковите.
Не ги фрлајте стапчињата од сладолед
Колку и да Ви се крева косата од погледот на сладолед кој тече по стапчето, рацете и облеката на детето, децата најмногу уживаат во тоа. По ладното освежување останува стапчето од кое може да се направи интересна играчка.
Потребен материјал: Секое стапче добро измијте го и исушете го. Набавете шарена ткаенина, разнобојна волница, фломастери, колаж хартија и лепило.
Постапка: На стапчето нацртајте му очи, веѓи, трепки, нос и уста. Пуштете го детето да го прави тоа без оглед на возраста, бидејќи и тоа треба да се забавува. Оставете ја неговата фантазија да се развива.
На поголемите деца куклите направени од стапчиња можат да им послужат како обележувачи за книги што ќе биде добар начин да ги натерате децата да читаат книги за време на распустот.
6
4
4
3
забава Бремените
Автор: bobik
Колку долго да шетате со вашето бебе?
Свежиот воздух и промената на средината можат да бидат убав дел од сек...
Зошто секое бебе се развива со свое темпо?
Едно бебе ќе почне да седи порано, друго ќе прозбори порано, а трето м...
Хуманиот папилома вирус е многу честа инфекција, која најчесто поминув...
Дали може да забремените ако имате ХПВ?
Позитивниот ХПВ тест не значи дека треба да се откажете од плановите з...
Зголемена жед во бременост. Што може да значи?
Потребата да пиете повеќе вода може да биде сосема нормална во бремено...