vfta во 10:14
на тема Вегански алтернативи
Што ни е потребно?
За да го подготвите овој сируп потребно е да наберете свежи светло зелени иглички од бор. Количината одредете ја вие самите во зависност од тоа колкава тегла сакате да подготвите. Освен игличките потребна е и една тегла свеж домашен мед.
Како да го подготвам?
Најпрво измијте ги добро игличките, а потоа ставете ги на чиста крпа да се исушат. На крпата најдобро е да отстојат околу 24 часа, а потоа да започнете со подготовка. Земете една стаклена тегла и започнете да редите еден ред иглички па тенок слој мед одозгора, па повторно ред иглички и мед одозгора и така повторувајќи се додека не дојдете 3-4 цм пред врвот на теглата. Последниот ред нека заврши со тенок слој на мед. Теглата сега добро затворете ја и оставете ја на топло место. Смесата е потребно да стои 40 дена во теглата, а притоа секојдневно истата добро треба да се протресува. По 40-тиот ден отворете ја теглата и процедете ја смесата. Добивме здрав сируп од борови иглички кој е потребно да се чува во ладилник бидејќи нема голем рок на траење. Сирупот можете да го користите така што ќе земате по неколку лажички дневно на одредено растојание.

Важно! Овој рецепт е познат и со бел шеќер каде што наместо мед се додава бел шеќер, така има поголем рок на траење. Но, голема количина на бел шеќер не е здрав за организмот, затоа ние ве советуваме да користите мед, како што наведовме во рецептот погоре.
4
4
4
4
забава Бремените
Автор: bobik
Најважни навики за здрава бременост
Здравата бременост започнува со мали, секојдневни навики. ...
Зошто е важен редовниот појадок?
Појадокот е првиот оброк во денот и може да биде одличен начин да му о...
Како да ја подобрите циркулацијата на крвта?
Студени раце и стапала, чувство на тежина во нозете или замор по долго...
Како физичката активност влијае врз плодноста?
Редовното движење е важно за општото здравје, но дали може да ви помог...
Направете украсни свеќи со калапи за колачи
Дали знаевте дека калапите што ги користите за подготовка на колачи мо...